verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога прашањата не заслужуваат одговор

on 21 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

11182015-Dokaz-Lenka-crop-resize

[Рецензија: Дали Ленка е новиот тројански коњ на Грујо?]

 

„До редакцијата стигнаа некои информации“ и – толку!?! Какви информации стигнаа до редакцијата, од кого? Нема ништо од тоа, а „редакцијата јавно прашува“!?!

И не само што прашува, туку и на недочекани одговори, самата си одговара и квалификува. Тоа не е постапка што одразува професионални новинарски стандарди, па дури ни општоетички.

11182015-Dokaz-LenkaЛинк до оригиналниот напис: Дали Ленка е новиот тројански коњ на Грујо?

Датум и време на објавување: 17.11.2015

Датум на рецензирање: 20.11.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Дури има и фактографски грешки. Најавената партија во основање не се вика „Ленка“, туку „Левица“.

Прашањата што се поставени во оваа медиумска содржина веќе имаат одговор или недвосмислено го сугерираат. На штета на граѓаните кои се собрале околу оваа иницијатива. Дури и во насловот кој е во форма на прашање.

И колку да не се пропушти, авторите на оваа медиумска содржина, новинарот и уредникот го искористиле овој „журналистички прашалник“, да оквалификуваат и една друга политичка иницијатива и со тоа ја откриваат сопствената политичката пристрасност.

Целата оваа приказна можела да добие друга димензија доколку сите овие прашања биле доставени до адресантот. Сигурен сум дека ќе добиеле одговори и, со тоа, и шанса да објават принципиелно оправдан професионален новинарски текст.

Да, навистина „јавноста има право да знае“, како што објавува последната реченица од оваа медиумска содржина. Но, ако медиумот сака да биде глас на јавноста, тогаш мора да почитува неопходни медиумски стандарди, дури и кога поставува прашања.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести