verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

При оценка за работата на една општина не треба да се претерува со недокажани компарации

on 9 - 10 - 2019       

Претставувањето на општините како најдобри во однос на другите општини стана традиција на некои медиуми, при што се потпираат на еднострани извори на информации – во само една општина, заобиколувајќи ги податоците за другите општини. Ова предизвикува новинарите да бидат небалансирани и да не им даваат простор на сите страни вклучени во написот. Таква е веста што ја разгледуваме.

ТВ Коха:Општина Желино ги предизвикува другите урбани општини

Линк до оригиналниот напис: „ОПШТИНА ЖЕЛИНО ГИ ПРЕДИЗВИКУВА УРБАНИТЕ ОПШТИНИ“ “KOMUNA E ZHELINËS SFIDON KOMUNAT URBANE”

Датум на објава: 20.09.2019

Датум на рецензија: 02.10.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

„Општината Желино се чини дека е една од најактивните општини во регионалниот натпревар за да добие важни проекти што овозможуваат подобрување на локалната инфраструктура. Преку својот конкурентен карактер, општина Желино ги предизвикува урбаните општини, особено со успешното спроведување на проектот „Нордиска поддршка за напредокот на Северна Македонија“, се вели во веста што ја разгледуваме.

Иако проценката може да биде вистинита, за да биде веродостојна новинарот требало да ја докаже својата проценка „во една од најактивните општини“.

Поточно, новинарот требал да обезбеди информации за:

  • Кои се другите општини што Општина Желино ги предизвикува или со кои е на исто ниво?
  • Кои се најголемите достигнувања на ова општина?
  • Кои се достигнувањата на другите општини?

Сето ова го нема а е спротивно и со Етичкиот кодекс на новинарите.

„Известувањето за политичките процеси, особено за изборите, мора да биде непристрасно и избалансирано. Новинарот мора да обезбеди професионално растојание од политичките субјекти“, се вели во Етичкиот кодекс на новинарите.

Дотолку повеќе што аплицирањето за проекти не е натпреварување за прогласување на најдобри општини, има и други параметри

Иако изворот на информации, UNOPS, е цитиран подолу, тој сепак е ирелевантен за проценката „една од најактивните општини“. Аплицирањето на проекти може да биде олеснување за управувањето на општините во спроведувањето на проектите, но не може да е параметар за рангирање на општините како најдобри и урбани.

„Од резултатите што ги објави УНОПС, Општина Желино успеа да се пласира во најдобрите четири најдобри општини во овој проект. Вкупната вредност на овој проект ќе достигне 140.000 евра, додека 90.000 долари се обезбедени од Норвешката амбасада преку УНОПС“, се вели во веста што ја разгледуваме.

За да се прогласат општините како најдобри, тие мора да се мерат на истите параметри или индикатори како и другите општини, како на пример нивото на транспарентност и одговорност.

Концептот на манипулација: Селективни факти

Со презентирање на податоците само од општината Желино, а не и од другите општини, во однос на кои ова општина е најдобра, во новинарскиот напис е искористен концептот на манипулација наречен „селективни факти“. Ова е со цел да се пренесат само податоци што ќе го поткрепат насловот и веста.

За читателите: Работата на општините треба да се поздрави, без претерување со непроверени информации!

Работата на една општина треба да се поздрави и вреди да се направи вест кога навистина се реализираат проекти. Но, новинарот секогаш треба да презентира факти, особено ако прави вакви вести споредувајќи ја една општина со другите. Ако се пофали една општина, тоа треба да се направи соодветно со потврдени докази и податоци.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести