verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Лошо информирање бидејќи недостасуваат информации колку работеле „градоначалниците на ДУИ заедно”

on 9 - 10 - 2019       

Првиот принцип на професионално новинарство е непристрасностa и вклучувањетo на сите страни што се споменати во новинарскиот напис. Ако страните се претстават во компаративна форма само во насловот, како што е случајот со веста што ја разгледуваме, тогаш не зборуваме за точни информации, туку за лошо информирање.

Лајмпресс: Таравари за една недела работел повеќе отколку сите градоначалници на ДУИ заедно?!

Линк до оригиналниот напис: „Таравари за една недела работел повеќе отколку сите градоначалници од ДУИ заедно“

“Taravari për një javë ka punuar sa gjithë kryetarët e komunave të BDI-së bashkë?!”

Датум на објавување: 16.09.2019

Датум на рецензија: 24.09.2019

Рецензира: Фатбарда Цури

Наслов кој оценува, предизвикувајќи сомнежи

„Таравари за една недела работел повеќе отколку сите градоначалници од ДУИ заедно?!”, се вели во насловот од веста што ја разгледуваме.

Бидејќи насловот пренесува оцена, остава впечаток дека во статијата има податоци за да се докаже дека „Таравари за една недела работел онолку повеќе отколку сите градоначалници на ДУИ заедно“, но крајот на реченицата се ставени интерпункциските знаци прашалник (?) и извичник (!), што создава дилема кај читателите.

Напис без основни принципи на новинарство е едностран

Дилемата создадена со поставувањето на интерпункциските знаци во насловот, иако се очекува дека ќе биде разјаснета во статијата, се продлабочува уште повеќе. Начинот на кој се почнува со статијата е надвор од професионално известување.
Новинарскиот напис мора да одговори на прашањата: кој, каде, што, како и зошто. Ниту едно од поставените прашања нема одговор на написот, иако во насловот се спомнуваат две страни „Таравари“ и „градоначалници на ДУИ“.

Од друга страна, пренесените податоци се непроверени, бидејќи не се знае кој е нивниот извор за да може потоа да се измери нивната точност. Написот е пристрасен, затоа што иако се споменати во насловот „Градоначалниците на ДУИ“, не се знае кои се и колку проекти сите заедно реализирале. Дека податоците на написот се за „Таравари“ – Арбен Таравари, сегашниот градоначалник на Гостивар, се подразбира од последната реченица, „Гостивар прв“. Значи, во написот имаме само податоци само за „Таравари“, а немаме и за „градоначалниците на ДУИ“.

“ШТО НАПРАВИВМЕ ЗА НАШАТА ОПШТИНА – НЕДЕЛЕН ИЗВЕШТАЈ  (09 – 15.09.2019)
Продолжуваме со работите за регулирање на канализационата мрежа во селото Чајле, во должина од 3022 метри;
Продолжуваме со инсталацијата на канализационата мрежа во селото Горна Бањица , во должина од 3199 метри;
Продолжуваме со работите за целосна реконструкција на улица „29 Ноември“, со должина од 141 метри и ширина од 5,5 метри;
Ги продолжуваме работите за изградба на локалната патна инфраструктура, крило на улицата ЈНА (нова населба) со должина од 183 метри и просечна ширина од 8 метри;
Продолжуваме со рехабилитација на јамите и израмнување на шахтите во општина Гостивар;
Продолжуваме со работите за градинка во село Долна Бањица;
Во тек се реконструкција на улицата 4, блок 19, зона VI;
Продолжуваме да го регулираме јавното осветлување низ целиот регион на нашата општина;
Продолжуваме со уредување на парковите и зелените површини во нашата општина;
Уредување на коритото на реката Вардар;
Еколошка акција во селото Равен;
Реконструкција на дел од канализационата мрежа на улицата „29 Ноември“, во должина од 160 метри;
Еколошка акција во ОУ Гоце Делчев;
Еколошка акција за чистење на реката во селото Равен по иницијатива на месната заедница и помогната од општина Гостивар;
Инсталација на водоводна мрежа на улицата „29 Ноември“, во должина од 150 метри.
Гостивар Први
👍🏻”,  е целиот напис во разгледаната вест.

Концептот на манипулација: Селективни факти

Бидејќи текстот содржи само податоци од Општина Гостивар, а не и за „градоначалниците на ДУИ“ сметаме дека во написот се користи концептот на манипулација со „селективни факти“. Ова е направено со цел да се пренесат само податоците што одговараат на насловот и на целта на написот, не вклучувајќи ги и оние што би можеле да го потврдат, или да го отфрлат тврдењето дека, „Таравари работел колку и сите градоначалници на ДУИ заедно“. Оваа проценка е уште поубедлива кога се знае дека Општина Гостивар ја води партијата Алијанса за Албанците (АА), која е опонент на партијата Демократска унија за интеграција (ДУИ).

Со ова, воедно е прекршен и Кодексот за етика на новинарите и тоа неговито прв член:

„Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно“.

Порака за читателот

Обидете се да избегнете новинарски написи што предизвикуваат сомнежи во насловите или користат интерпункциски знаци: прашалници (?) и извичници (!). Ако наидете на такви, тие мора да бидат разјаснети во написот. Освен тоа, треба да содржи податоци за сите страни вклучени, односно споменати во текстот. Во спротивно, ако им верувате, ќе бидете лошо информирани.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести