verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Насловот треба да одговара на текстот од веста, не да потикнува!

on 7 - 10 - 2019       

Образованието е едно од основните права загарантирано со Уставот. Исто така, и образование на мајчин јазик. Оттука треба да започне секоја иницијатива на новинарот да известува за случаи кога ова право не се исполнува. Со вакви случаи, медиумите во земјата честопати го исполнуваат нивниот информативен простор. Идејата за веста што ја разгледуваме е добра, но пристапот од кој се започнува во насловот не е.

Фотографија од веста што се рецензира

Линк до оригиналниот напис: Челниците на СДСМ не им овозможуваат на албанците образование на албански јазик Krerët e LSDM-së nuk u mundësojnë shqiptarëve arsimim në gjuhën shqipe

Датум и време на објава: 25.09.19

Датум на рецензија: 02.10.2019

Рецензира: Фатлуме Дервиши

„Нема да има паралелки на албански јазик во училиштето Његош во Идризово.“ Оваа реченица е целата основа на веста. Проблемот е таму веќе долго време, а медиумскиот интерес и барањето одговорност од институциите е многу разумно.

Еве како се изјасни за јавноста Општина Гази Баба:

„Во соопштението на општина Гази Баба, која ја води кадар на СДСМ, Борис Георгиевски, се наведува дека барањето за отворање нова паралелка е направено доцна,…
Исто така, во одлуката на општината Гази Баба се истакнува дека новата паралелка треба да биде придружена со 10 нови вработувања за кои треба да се бара одобрение од Министерството за финансии…“

Покрај гореспоменатите оправдувања, општината бара од родителите своите деца да ги испраќаат во основното училиште во селото Огњанци за настава на албански јазик, каде ќе организираат превоз за 11-те ученици. Но, родителите не се согласуваат со оваа одлука “- пишува авторот во текстот што го разгледуваме.

Што можеше да се направи повеќе?

Општина Гази Баба практично ја отфрлила одговорноста. Авторот не дава објаснувања кој и зошто го одложил барањето во Општината. Која е пречкта што не дозволува да се реши овој проблем што трае со години? Одговорите ги немаме!

Несоодветен наслов

Насловот генерализира и потикнува. „Лидерите на СДСМ не овоможија настава на албански јазик“ Тој наслов не кажува за што точно станува збор, за кој од „челниците на СДСМ“ и за кое училиште. Во овој случај, поделбата е направена на етничка основа и влијае на емоциите на албанските читатели. Без оглед колку е чувствителна оваа тема и за авторот, тој треба да биде коректен и објективен при информирањето. Ова е јасно регулирано и со Етичкиот кодекс на новинарите.

„Новинарот нема свесно да креира или обработува информации што ги нарушуваат човековите права и слободи, нема да користи говор на омраза и нема да поттикне насилство или дискриминација од која било основа (национална, верска, расна, врз оснвана пол, социјална, јазична, политичка, сексуална ориентација …) “- пишува во Кодексот за етика на новинарите.

Техники на манипулација

Во текстот се користат само селективни докази што не го потврдуваат она што авторот го најавува во насловот. Е направено генерализирање во насловот, и се потикнуваат емоции по етничка основа. Со користење на овие методи, одразот и заклучокот во насловот се субјективни.

За читателите: Идентификувајте тенденции во ваквите написи

Читателот треба да знае дека ваквите заклучоци со генерализации со дебели линии за една партија само за еден случај се тенденциозни. Информациите содржани во текстот се многу важни и требало да го охрабрат новинарот до крај да ја обелодени вистината, давајќи дополнителни објаснувања, но исто така и покривајќи го тоа што е можно пообјективно.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести