verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Објавувањето идентитет на малолетник е противзаконско

on 10 - 10 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

[Рецензија: Откриени авторите на труењето на учениците во „Арсение Јовков“]

 

Објавувањето во медиумите на идентитетот на малолетник, кој нема наполнето 18 години и кој е инволвиран во одредени настани, е во спортивност со законот и се санкционира. Исто така, и Новинарскиот кодекс строго му забранува на новинарот, независно од тоа што поседува информации за малолетни лица инволвирани во некое дело, да го објави нивниот идентитет.

Zbulohen autorët e helmimit të nxënësve në “Arsenie Jovkov”  screesnshotЛинк до оригиналниот наслов: Откриени авторите на труењето на учениците во „Арсение Јовков„

Датум и време на објавување: 03.10.2015

Датум на рецензија: 05.10.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Текстот што го рецензираме бесправно ги објавува имињата на двајца малолетници што се обвинуваат дека затруле неколку ученици и еден професор во училиште во Чаир.

„… е поднесена кривична пријава, исто како и за 16-годишниот Антонио Тошев, кој е ученик од втора година во истото училиште, и за 17-годишниот Албин Куртовиќ.“

Овој пасус е во спротивност со Новинарскиот кодекс, член 9, став 3, кој вели:

Информациите добиени од лекари, социјални работници, воспитувачи, наставници или роднини кои директно или индиректно упатуваат на идентитетот на малолетникот, не смеат да бидат објавени.

Недостигот од потребните извори носи други проблеми за текстот. „За другарите на Џиковски се знаеше дека прскаа со спреј низ училиштето“, а за ова авторот на текстот не нуди факти и ова не го кажува ниту еден сведок. Бидејќи не успеал да го докаже тоа што го вели, авторот на текстот може да се обвини за клевета.

Текстот, исто така, можел да се збогати со дополнителни информации, при што би се дала една слика за реакциите на родителите за недоволната сигурност во училиштата.

„Инцидентот со труењето на албанските ученици се случи пред два дена, кога 14 ученици и еден професор, завршија во Клиниката за токсиколигија со симптоми на кашлица и течење на солзи.“

Ќе беше коректно ако авторот што го пишувал текстот се повикал на службеното соопштение на полицијата и им го претставил на читателите, поврзувајќи го со содржински линкови за настанот.

Исто така, авторот ги крши и етичките норми со објавената слика во рамките на текстот. Таму се гледаат малолетни ученици, а објавувањето вакви фотографии претставува кршење на Етичкиот кодекс на новинарите на Македонија, член 8, став 1, каде што се вели:

Кога се известува за несреќи, криминал, или акција на полицијата, медиумите генерално треба да се воздржат од објавување имиња, фотографии или други податоци кои би овозможиле идентификување на жртвите и извршителите.

Децата и младите луѓе уживаат посебна заштита.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

креативен

несензационален

соодветен

јасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести