verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нова сензација со стара шпекулација

on 26 - 08 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

ina

Напис –„Бомбата“ на Шаќири: ДУИ на Ахмети даде наредба за убивање на Aлбанците во Ваксинце (Видео)

 

Поранешниот заменик-претседател на Собранието на Македонија, Хисни Шаќири, пред една година упати тешки обвиненија во насока на поранешната партија со која стана пратеник, ДУИ. Во „Интерактив“ на КТВ, Шаќири рекол дека првпат открива една бомба, но за која ништо не е преземено за да се потврди дали била вистина или не.

„Сите бараат бомби од Заев. Јас ви ја давам бомбата овде. ДУИ ми нареди убиство на жителите на Ваксинце и на Косовците што беа дојдени да ни помогнат. Ова се случи во 2003 година. Името не можам да го кажам, но тој што ми рекол зборувал во име на Али Ахмети. Ни рекоа да ги убиеме, бидејќи не дозволивме влез на полицијата во селото“, рекол Шаќири повторувајќи неколкупати дека наредбата била јасна – да се убијат Албанците, но тој не прифатил.

Шаќири рекол дека неколку од припадниците на Косовската вооружената група што беа во Куманово беа и тогаш во Ваксинце со истата посветеност. Според поранешниот функционер на ДУИ, Садулах Дураку и Назми Беќири биле таму кога била примена наредбата и тие се согласиле со ова.

 

[Рецензија – „Бомбата“ на Шаќири: ДУИ на Ахмети даде наредба за убивање на Албанците во Ваксинце (Видео)]

 

Повторното постирање на една стара шпекулација, без ниеден додатен детаљ што би овозможил нејзино потврдување или негирање, останува само стара шпекулација и во никој случај нова вест. Затоа, повторното постирање може да се квалификува како тенденција за да се добие еден клик повеќе или обид за сензација.

downloadЛинк до оригиналниот напис: „Бомбата“ на Шаќири: ДУИ на Ахмети даде наредба за убивање на албанците во Ваксинце (Видео)

Датум и време на објавување: 12.08.2016

Датум на рецензирање: 17.08.2016

Рецензент: Џенис Сулимани

Производот што го рецензираме се однесува на тешки обвиненија, кои се нагласени од поранешниот претседател на Собранието на Македонија, Хисни Шаќири,  пред една година.

„Сите бараат бомби од Заев. Јас ви ја давам бомбата овде. ДУИ ми нареди убиство на жителите на Ваксинце и Косовците што беа дојдени да ни помогнат. Ова се случи во 2003 година. Името не можам да го кажам, но тој што ми рекол зборувал во име на Али Ахмети. Ни рекоа да ги убиеме бидејќи не дозволивме влез на полицијата во селото“, рекол Шаќири повторувајќи неколкупати дека наредбата била јасна – да се убијат Албанците, но тој не прифатил“.

За налог за нечие убиство некој мора да одговара кривично. Повторното објавување на оваа стара шпекулација би требало да се придружи и со изјава од МВР. Новинарот требало да земе изјава од МВР, дали е почната постапка за апсење на „нарачателите на убиството“ или став од Јавното обвинителство – дали е почната предистражна постапка за тврдењата на Хисни Шаќири, како и да се земе став од обвинетата страна.

Во повторното објавување на веста не би требало да недостига став од партијата што се спомнува, но и од двајцата што се спомнуваат дека имаат сознаније за овој настан. Само на овој начин, на една стара шпекулација би можело да ѝ се даде нова покривка, на (не)потврдената, објективна, целосна и сеопфатна вест. Бидејќи, начинот на кој е објавена повторно, ако се погледне од рамките на професионалните новинарски стандарди,  станува збор само една стара шпекулација, но не и нова вест.

Новинарите мора да обезбедат точни и сериозни информации, е начело за новинарот што прво мисли на јавниот интерес.

„Сите вести и други новинарски трудови, во согласност со нивниот субјект и природа, мора да имаат доволен број на извори, да бидат засновани на силни докази, да бидат потврдени на основен начин и презентирани на јасен и точен јазик. Новинарите треба да бидат чесни за работите што не ги знаат и да избегнуваат неосновани шпекулации. На јавноста треба јасно да ѝ се даде знаење за случаите кога новинарите немаат потврда за некои одредени обвиненија, материјални факти и други содржини, но за вакви информации мора да се реферираат на изворот.“


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

се заснова на една изјава

не може да се утврди точноста на наводите

не се потврдени

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

непотврдени изјави

не може да се утврди

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести