verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тврдења има, аргументи нема

on 26 - 08 - 2016       

telegraf

[Рецензија: „ФАНТОМИ НЕМА, АД ХОК ТЕЛОТО СЕ ОФОРМИ: Останува уште Заев да се охрабри и да излезе на избори“]

 

Овој текст претставува мешавина на информација и на коментар. Информациите што ги донесува се дневно актуелни и се однесуваат на процесот на прочистување на избирачкиот список како услов за обезбедување амбиент за фер и демократски избори во земјава, но патем се поттураат и коментари и мислења кои се политички обоени и негативно настроени кон опозицијата. Од аспект на професионални стандарди, ваков „ни риба ни девојка“ напис, не може да добие позитивна оценка, бидејќи  под маска на информирање тој, всушност, ги манипулира читателите така што им подметнува политички ставови и сугерира мислење.

Рецензија: Тврдења има, аргументи-немаЛинк на оригиналниот напис: „ФАНТОМИ НЕМА, АД ХОК ТЕЛОТО СЕ ОФОРМИ: Останува уште Заев да се охрабри и да излезе на избори“

Датум и време на објавување: 22.8.2016 – 8:06

Датум на рецензирање: 25.08.2016

Рецензент: Југослава Дуковска

 

Веќе насловот речито посочува како манипулира овој напис кога тврди дека „Фантоми нема“, што е невистинито тврдење бидејќи не е факт и не е докажано. Имено, по истекот на рокот, даден од Државната изборна комисија за пријавување на повеќе од 39.000 спорни гласачи на единствениот избирачки список, се пријавиле само нешто повеќе од 8.000 лица, чиишто имиња се нашле на списокот на таканаречените „фантомски гласачи“. Според тоа, не е точно дека „фантоми нема“, туку, токму спротивното, дека само еден мал дел од нив докажале дека не се фантомски гласачи.

 

И ЗА ДИК ФАНТОМИ – ИМА

Интересно е што во истиот медиум, еден ден по објавувањето на овој напис, се појавува извештај од работата на ДИК во кој се вели:

„…денеска на седница треба да го разгледа и усвои Извештајот за спроведената постапка за пријавување граѓани чии записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците“,

со други зборови – таканаречените „фантоми“. На истата седница, ДИК носи одлука за бришење на повеќе од 30.000 лица од избирашкиот список бидејќи не пружиле доказ дека не се „фантомски гласачи“.

И вториот дел од насловот не е помалку проблематичен:

„Останува само Заев да се охрабри да излезе на избори“,

што имплицира дека СДСМ и неговиот лидер Зоран Заев досега се плашеле да излезат на избори, нешто што како факт не постои, но како политички став на владеачката партија ВМРО-ДПМНЕ е многу добро познат. Тоа значи дека овој напис отворено сугерира политички став на партијата на власт насочен за дискредитација на опозицискиот Социјалдемократски сојуз. И додека обидите за дискредитација на политичкиот противник не се нешто непознато во политичката практика, таквото заземање страна, секако, не доликува на објективното новинарство.

Во текстот стои и следново:

„Со пријавувањето на т.н. спорни гласачи паднаа во вода сите приказни на Заев за некакви фантомски гласачи и дека поради нив СДСМ губи на изборите. Од 8.922 граѓани што се пријавија, најголем дел се етнички Албанци, а тие во никој случај не се гласачи или симпатизери на СДСМ“. 

 

ЗА СДСМ ГЛАСААТ САМО ЕТНИЧКИ МАКЕДОНЦИ?!

Од каде е дојдено до ваков заклучок, дека етнички Албанци „во никој случај не се гласачи или симпатизери на СДСМ“? Написот не дава појаснување, што наведува да се заклучи дека Социјалдемократскиот сојуз не можат да го поддржат припадници на други етнички заедници, туку само Македонци?!

Ова тврдење, подметнато како аргумент, не само што е неосновано, туку и апсурно и сосема невистинито.

„СДСМ за фантоми предвреме ги прогласи и оние 170.000 гласачи кои на изборите ќе бидат ставени на посебен список. 

Но тие во никој случај не го губат избирачкото право и станува збор за гласачи кои престојуваат во странство, но најголем дел од нив за изборите доаѓаат дома“.

Се користи квалификацијата „предвреме“,  што е коментар, бидејќи содржи став за позицијата што ја има СДСМ по ова прашање. Исправно ќе беше доколку се пренесеше ставот на СДСМ и нему спротиставените аргументи, доколку ги има (законска основа, став на ДИК), без да се коментира.

Исто така, неаргументирано и пресилно акцентирано е тврдењето: „Но тие во никој случај не го губат избирачкото право“.  Кој тврди дека овие гласачи не го губат гласачкото право – новинарот, редакцијата или правен стручњак, цитат од законско решение? Одговор – нема.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

има и точни и неточни тврдења

и веродостојни иневереодостојни

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести