verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Неуспешна вест во низа

on 16 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

Pres 24 Kineskiot milijarder

 

[Рецензија: Познат милијардер нуди 180 милиони долари за да ја омажи својата ќерка – задачата на мажот што ќе се согласи не е нималку лесна]

Информацијата, според начинот на кој е напишана и според содржината, повеќе спаѓа во рубриката „Забава“, отколку во „Свет“. Истовремено, стара е неколку години. Во неа има нов елемент, па токму затоа би требало да биде напишана како вест во низа.

 

Познат милијардер нуди 180 милиони долари за да ја омажи својата ќерка задачата на мажот што ќе се согласи не е нималку лесна Press24Линк до оригиналниот напис: Познат милијардер нуди 180 милиони долари за да ја омажи својата ќерка – задачата на мажот што ќе се согласи не е нималку лесна 

Датум и време на објавување: 13.06.2016, 19:26

Датум на рецензирање: 14.06.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ПРЕМЕТНУВАЊЕ ЗА ЗБУНУВАЊЕ

„Овој човек очигледно има превише пари, па не знае што да прави со нив. Запознајте го Сесила Чао, човекот кој се обогати со огромна империја на некретнина“.

Главата на веста е коментаторска и во неа не се открива суштината на информацијата, туку се дава опис на личноста која е во фокусот на информацијата. Ваквите податоци вообичаено се наведуваат подолу во веста, без разлика што станува збор за вест од забавен карактер. Сепак, и кај овие вести, без разлика што што даваат послободен пристап на пишување, важат новинарските правила кои наметнуваат главата на веста да оди на почеток.

Во случајов, дел од главата на веста е дадена сосема на крај, а во меѓувреме се даваат информации кои според нивната природа не треба да бидат ставени во преден план, туку подолу во текстот.

Јазикот со кој е напишан текстот не го почитува стандардот. Во текстот се проткајуваат бројни србизми, како, на пример, „превише“ и „некретнини“.  Истовремено и името на богаташот е погрешно транскрибирано, веројатно затоа што изворниот текст бил на српски, па неговото име е ставено во падеж, Сесила, наместо Сесил, како што би било транскрибирано на македонски. Исто така, при пишувањето на написот не се почитувани ниту граматичките правила, особено тие што се однесуваат на синтаксата.

 

СУМАТА СЕ СМЕНИЛА, ВЕСТА „ЗАСТАРЕЛА“

Истовремено, станува збор за стара вест, која датира од 2012 година, но во неа има нов елемент, а тоа е сумата што сега се нуди како награда. Имајќи предвид дека станува збор за стара приказна, написот би требало да претставува вест во низа, односно да се наврати на претходните информации, како, на пример, дека првата понуда на богаташот е дадена во 2012 година, а потоа двојно е зголемена во 2014 година.

Исто така, не се наведува дека причината за понудата е тоа што кинескиот бизнисмен не сака да се помири со фактот дека неговата ќерка во 2012 година стапи во цивилно партнерство со својата долгогодишна партнерка.

Вака конципираната вест не му дава целосна претстава на читателот, кој доколку не ги знае претходните информации, би можел да помисли дека можеби станува збор за нов случај. Од друга страна, оние кои се запознаени со приказната, веројатно без целосно навраќање на претходните информации ќе добијат впечаток дека станува збор за стара преџвакана информација, која служи само за привлекување кликнувања.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

делумно точни

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

не аплиактивно

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести