verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст што поттикнува паника

on 16 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #249 - 'Krisma me kallash në qendër të Kumanovës (Video) I Iliria News Agency' - ina-online_net_krisma-me-kallash-ne-qender-te

 

Напис: Истрели од „калашников“ во центар на Куманово

Истрели се слушнале денеска во центарот на Куманово. Сепак, не се работи за ништо сериозно, бидејќи се работи за пукање при една семејна веселба.

Според порталот „Тинк 24“, пукотниците предизвикале паника кај минувачите, но се работи само за пукање за време на веселбата на една свадба. Истрелите од „калашниковот“ може да се слушнат и во видеозаписот во продолжение.

 

[Рецензија: Истрели од „калашников“ во центарот на Куманово]

Целта на објавувањето на оваа вест не била да ги информира граѓаните, туку да пласира сензација преку насловот и да добие што повеќе прегледност. Свесно или несвесно, содржината, која всушност се пренесува од друг медиум, допира до чувствата на граѓаните и тоа во една чувствителна точка што уште е свежа и провоцира реакции. За граѓаните на Куманово нормално е дека е вознемирувачки моментот кога добиваат вести за инциденти во кои е вклучена употребата на смртоносни оружја. Веста што ја рецензираме е типичен пример за пласирање информација што може да предизвика страв и паника во таков контекст, токму поради нејасноста на насловот, како и паниката за која се зборува во изворниот текст и што се пренесува и во овој текст.

Прирачникот за етика во новинарството, точка 7/4 вели: „Новинарот не смее заради атрактивноста на текстот/прилогот да поттикнува неосновани стравови или надежи кај соговорниците или да манипулира со нивните емоции“.

„Истрели се слушнале денеска во центарот на Куманово. Сепак, не се работи за ништо сериозно, бидејќи се работи за пукање при една семејна веселба“.

Krisma me kallash në qendër screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Истрели од калашников во центар на Куманово”

Датум и време на објавување: 10.06.2016

Датум на објавување: 11.06.2016

Рецензент: Адриан Керими

Непрофесионалниот пристап, освен што му штети на новинарот и на редакцијата, му штети и на читателот, бидејќи тој станува жртва на дезинформација. Затоа, треба да се обрне внимание за чувствата на јавноста и на читателите кога се известува за случаи како Куманово и треба да се следи точно секое новинарско начело. За да се докаже паниката за која што зборува, авторот треба да демонстрира, на пример, со видеозапис во кој се гледаат минувачи во паника или загрозени, или сведочења од граѓаните на Куманово, а во спротивно, секое друго прикачување во текстот го нема релевантниот степен на доказ.

Прирачник за етика во новинарството, точка 3/1: „Моралната одговорност за неточноста на информацијата паѓа на новинарот и затоа е важно тој самиот да влијае и да обезбеди објавување на демант, исправка или одговор во медиумот во кој информацијата е објавена, а чијшто автор е тој. На тој начин новинарот го штити и сопствениот интегритет, но и интегритетот на медиумот во кој работи“.

„Според порталот „Тинк 24“, пукотниците предизвикале паника кај минувачите, но се работи само за пукање за време на веселбата на една свадба. Истрелите од „калашниковот“ може да се слушнат и во видеозаписот во продолжение“.

За вакви инциденти, неизбежен е и ставот на полицијата како безбедносен орган. Во текстот што го рецензираме го нема тој став, кој би можел да објасни дали случајот е евидентиран од полицијата и дали се преземаат мерки за наоѓање на сторителот, кој го нарушил јавниот ред и мир и го прекршил законот употребувајќи автоматско оружје.

Во теми како оваа, ставот на познавачите на околностите, експертите и на социолозите би бил целосно исполнување на темата, што би ја дал и димензијата за тоа како влијаат кај граѓаните „прославите“ од овој вид, имајќи ги предвид околностите. За повеќе, поради тоа дека пукањето по свадби не е изолиран случај и има „традиција“, дури и со жртви, во текстот секако дека има место и за да се потсетиме на случаите, да се даваат статистики за луѓето кои настрадале или биле казнети, како и да се побара од компетентните органи информација за тоа дали се дејствува долгорочно, преку едукација или други мерки, за превенција на оваа појава. За жал, во оваа содржина немало обид да се навлезе во овој правец.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

Дел од нив

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести