verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наслов што поттикнува омраза!

on 16 - 06 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

FireShot Screen Capture #250 - 'Shikoni shqiptarin e Shkupit duke i dhënë flakaresh “VMRO”-istit (Video) I Iliria News Agency' - ina-online_net_shikon

 

Напис: Видете го Албанецот од Скопје како му удира шлаканица на „вмровецот“

За време на денешната блокада на патот во центарот на Скопје (Главната црква), се случи инцидент во кој „пукнале“ и шлаканици. Еден граѓанин со мотоцикл (демонстрантите го нарекуваат вмровец), сакал да ја премине блокадата поставена од страна на демонстрантите од „Шарената револуција“, известува „Лајм“.

„Револуционерите“ не го оставиле и со ова настанала кавга меѓу него и Замир Мехмети, братот на пратеничката Ермира Мехмети. Но, Замир се повлекува од кавгата, додека друг демонстрант (кој демонстрантите го викаат Халим, изгледа и тој Албанец), му удира шлаканица на човекот со мотоцикл. Овој случај е снимен и објавен на „Јутјуб“.

[Рецензија : Видете го Албанецот од Скопје како му удира шлаканица на „вмровецот“]

Веста што ја рецензираме, во содржинскиот дел е помалку или повеќе во ред, но тоа што се забележува како прекршување на професионалното новинарство во овој напис е токму тенденциозниот наслов, што може да провоцира насилство и омраза. Не се бара коментар на прашањето дали имал право или не човекот со мотоцикл или демонстрантите. Во овој сегмент, работите се разбираат, но известувањето секогаш треба да се основа на суштината на настанот, односно да се прави вест од тоа што го гледаме. Соодветен наслов би бил, на пример, следниов: „Инцидент при протестот на ’Шарената револуција’“. По ова, сето тоа што требало да се каже во текстот, би било само основа на професионалниот и непристрасниот пристап. Затоа, новинарите и уредниците треба да бидат внимателни кога на читателите им наметнуваат „бомбастични“ наслови.

„За време на денешната блокада на патот во центарот на Скопје (Главната црква), се случи инцидент во кој „пукнале“ и шлаканици. Еден граѓанин со мотоцикл (демонстрантите го нарекуваат вмровец), сакал да ја премине блокадата поставена од страна на демонстрантите од „Шарената револуција“…“

 

Shikoni shqiptarin e Shkupit screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Видете го Албанецот од Скопје како му удира шлаканица на „ВМРО”-вецот”

Датум и време на објавување: 08.06.2016

Датум на рецензирање: 09.06.2016

Рецензент: Адриан Керими

Авторот направил грешка што на инцидентот му дал етнички правец, со што ризикува да предизвика насилство и омраза. Во конкретниот случај, професионално би било известувањето за еден инцидент и за тенденцијата на еден граѓанин, доколку била таква, да го попречи правото на стотици други граѓани. Можеби демонстрантите со право го нарекле човекот со мотоцикл „вмровец“ или можеби не, нешто што треба да се истражи и да се каже од страна на медиумите преку докази и факти. Меѓутоа, наместо во овој правец, новинарот без право му дал на насловот етничка конотација и бои на патриотизам, најверојатно за да поттикне прегледност и кликнувања.

„’Револуционерите’ не го оставиле и со ова настанала кавга меѓу него и Замир Мехмети, братот на пратеничката Ермира Мехмети. Но, Замир се повлекува од кавгата, додека друг демонстрант (кој демонстрантите го викаат Халим, изгледа и тој Албанец), му удира шлаканица на човекот со мотоцикл“.

Добра вест е комплетираната вест! Конкретната „вест“, независно од тоа што се повикува на извори и го докажува текстот, не е комплетна. Во текстот недостига и некој службен став. Доколку полицијата не излегла со став во врска со овој инцидент, ова не подразбира дека новинарот не треба да побара став од овој орган за да го комплетира написот.

Добрата заднина би била „јаготка на шлагот“. Во текстот се зборува за еден протест, но немаат сите знаење за каков протест станува збор и со какви активности тој се манифестира. Дополнителната информација би била дека „Шарената револуција“ ги блокирала главните раскрсници 8 јуни 2016 година во Скопје. Тенденциозниот пристап и целта во текстот се потврдуваат со фактот дека за протестот се известило многу помалку отколку за инцидентот како негов дел.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

друга пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести