verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ненадејно почина Владо Ѓорчев, новинар и уредник во „Мета“ и автор во „Сервис за проверка на факти во медиумите“

on 20 - 11 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански
Владе Ѓорчев. Фото: Мета
Владе Ѓорчев. Фото: Мета

 

„Сервис за проверка на факти во медиумите“ остана без еден од своите најревносни и најредовни автори, кој во овие три и пол години  во рамките на проектот има објавено стотици рецензии и други текстови, а сите ние останавме без еден од нашите највредни колеги и новинарски професионалци

 

Скопје, 20 ноември, 2016 – 11:18 (META) – Во раните утрински часови, ненадејно почина нашиот колега Владо Ѓорчев, новинар и уредник во новинската агенција „Мета“.

Тој беше дел од редакцијата на „Мета“ од нејзините почетоци, а во исто време беше активен соработник на „Сервис за проверка на факти во медиумите“ и на „Вистиномер“.

Ѓорчев беше познат новинар и уредник и работеше во повеќе медиуми, меѓу кои и „Вечер“, „Време“, „Шпиц“, „Плус инфо“ и „Либертас“.

Неодамна Ѓорчев ја доби втората награда на конкурсот за најдобра новинарска истражувачка приказна на тема корупција, кој се спроведе како дел од Програмата на УСАИД за антикорупција.

Новинска агенција „Мета“, но и медиумската сцена во Македонија остана без одличен уредник, новинар, неуморен пишувач и пријател.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре во капелата на гробиштата во Ѓорче Петров во 12 часот, а погребот ќе биде во 13 часот.

 

Написите на Владе за Сервисот за  проверка на факти во медиумите можете да ги најдете овде.

 

Претплатете се за најнови вести