verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нека говорат фактите

on 8 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

 

 [Рецензија: Говореше Лика!?]

 

За една вест да биде професионална, во нејзината содржина неопходно е да бидат опфатени сите страни. Опфаќањето на сите страни е уште поважно кога се спомнуваат имиња и личности. Невклучувањето на изјавите на тие што се спомнуваат во написот, се смета за едностраност. Со тоа читателите потешко ѝ веруваат на веста.

„Пратеникот и организациски секретар на ДУИ, Хазби Лика, ја демантираше информацијата дека последните денови имало расправија во раководството на партијата, која што завршила со тепачка. „Не, не се точни тие информации. Има неколку месеци што не е одржан состанок“, изјави пратеникот Лика, отфрлајќи ја информацијата што претходно ја објави порталот „Centarnews“, повикувајќи се на „внатрепартиски извори“.“

Новинарот во овој текст продолжува и понатаму да наведува имиња, од кои не побарал став во врска со прашањето што го обработува. Авторот си дава автогол кога вели дека македонскиот портал „шпекулираше“, а во исто време веста ја подготвил засновајќи ја на изворите на овој портал.

„Македонскиот портал шпекулираше дека Хазби Лика заедно со Рафиз Халити и Зулфи Адили на овој состанок почнале жестока расправија со подржувачите на Али Ахмети.“

Foli Lika  screenshotЛинк до оригиналниот наслов: Говореше Лика!?

Датум и време на објавување: 03.09.2015

Датум на рецензија: 04.09.2015

Рецензент: Aдриан Керими

Дека новинарот се повикува на порталот за кој вели дека „шпекулирал“, докажува и следниот параграф. Во овој параграф авторот цитира еден дел од известувањето на порталот „Центарњуз“.

„Тие започнале расправија со Муса Џафери за работата на одредени функционери на ДУИ кои работеле за интересите на ВМРО-ДПМНЕ, потоа за нефункционирањето на партијата однатре, како се одржуваат и организираат внатрепартиските избори и како не се зема предвид мислењето на членовите на ДУИ. Жестоката караница прераснала во тепачка при што настрадал и претседателот на ДУИ, пишува „Centarnews“.“

Кога авторот на написот има сомнежи за веродостојноста на фактите, треба да ги провери. Текстот завршува со една празна дополнителна информација и етикетира бесправно. Наведеното лице го нарекува член на „бунтовничката“ група, а потоа вели дека во ДУИ има незадоволство. Во овој случај, требало да се елаборираат тие незадоволства. Кога текстот би имал извори, читателот би знаел дали има незадоволство и кои се тие.

„Хазби Лика се смета за член на бунтовничката група која изразува незадоволство во врска со настаните во ДУИ и делувањето на ова партија на власт. (ИНА)“

За оваа вест да биде професионална, повеќе од потребно е да се побара изјаснување од Хазби Лика. Кога недостига неговиот личен став, се доведува под прашање и веродостојноста на цитираните изјави.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

лажни информации

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести