verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Некои на дијазепам, некои кај баба Рада

on 7 - 09 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Дури 500000 граѓани се зависни од диазепам-crop-resize

 

[Рецензија: Плусинфо: Дури 500.000 граѓани се зависни од „дијазепам“]

 

Прашањето на условното масовно дрогирање на народите од Балканот со легални лекови од групата на т.н., лаички категоризирани, „смирувачи на нерви“, сигурно е дека е старо, да не речеме транзициско прашање. Во таа смисла, речиси бегло се помина со податокот дека една четвртина од нацијата зема вакви лекови, што е изведена бројка од изјава на функционер на Фондот за здравствена заштита. Но, многу е лесно да се лепат такви податоци на статистика која кај нас стандардно не е уредна. Од ова произлегува еден сензационализам во насловот и поставеноста на авторот.

Дури 500000 граѓани се зависни од диазепам-finalЛинк до оригиналниот напис: Плусинфо: Дури 500.000 граѓани сезависни од „дијазепам“

Датум на објавување: 03.09.2015 16.32

Датум на рецензирање: 07.09.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Секој четвртти жител на Македонија последниве месеци е на ’диазепам’, а овој лек е во десетте најкористени лекови заедно со оние за намалување на високиот притисок, мастите и регулирање на шеќерот во крвта, се вели во анализата на Фондот за здравство. Од јануари до јуни годинава од околу 10,5 милиони реализирани рецепти близу 900.000 се за притисок и срце, а повеќе од 500.000 рецепти се за „диазепам“.“

Што е проблем со оваа статистика? Се земаат две големини – бројот на жителите во земјава и бројот на издадените рецепти каде го пишува „дијазепамот“ и сродните, генерички лекови. Но, ние не знаеме, навистина, колку жители имаме (последниот попис е направен пред 14 години и тој беше предмет на политички договор, а не на вистинска резултанта!) Понатаму, често можеме да прочитаме дека од земјата се иселиле 200.000, 300.000, па и 400.000 жители! Тоа можеме да го прочитаме и во весникот што ја објавува веста, како и фактот дека бројот на гласачите не е толкав како што се пишува (1,8 милиони), туку дека е веројатно околу 1,3 милиони. Ова може да се каже од аспект дека се работи за лекови кои не се препишуваат лесно на малолетни лица!

Потоа бројот на издадени рецепти никако не е и „број на граѓани“ – постојаните пациенти што го земаат овој лек годишно би требало да имаат по 12 рецепти, што бројот на корисници автоматски го симнува на нешто повеќе од 40.000 „граѓани“.

Секако, дијазепамот се користи и како придружен лек за тие што земаат лекови за висок притисок (кои се први на листата на користени лекови кај нас), понекогаш и кај оние за дијебет и така натаму. Затоа, овие генерализирања, иако се читливи, сепак, во основа се – форма на сензационализам. Плус, да не заборавиме дека добар дел од граѓаните и за нервите бараат помош кај „медицинарите“ од типот на баба Рада.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

не може да се утврди

Има нереални споредби

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

креативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести