verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Манипулација со лековерните граѓани

on 8 - 09 - 2015       

FireShot-Screen-Capture-112-Еве-што-треба-да-правите-за-да-останете-здрави-crop-resize

 

[Рецензија: Дијабетес и ракот се измислени болести !]

 

Во деведесеттите години на минатиот век, Алан Чумак, контроверзиниот Русин-Украинец чие вистинско постоење во светот на алтернативна медицина никогаш не е докажано, ги лекуваше луѓето преку своите фотографии објавени во весниците. И, знаете ли колку луѓе се фатија на таа глупост? Се прашувам, тогаш да постоеја интернет и „Фејсбук“, дали ќе лекуваше и преку нив. Како било, со неговите фотографии медиумите во поранешната СФРЈ и на Балканот неверојатно многу ги креваа тиражите. Текстот кој го рецензираме ме потсетува на тоа време.

FireShot Screen Capture #112 - 'ДИЈАБЕТИСОТ И РАКОТ СЕ ИЗМИСЛЕНИ БОЛЕСТИ! - Еве што треба да правите за да останете здрави! I ФаЛинк до оригиналниот напис: Дијабетес и ракот се измислени болести !

Датум и време на објавување: 3.09.2015

Датум на рецензирање: 7.09.2015

Рецензент: Александар Писарев

 

НОВА СЕНЗАЦИЈА ЗА НАИВЕН НАРОД

Читајќи го внимателно текстот што е предмет на рецензија, не можеме да ја исклучиме веројатноста дека постојат и луѓе кои можат да поверуваат на сè ова што е објавено под сензационалистичкиот наслов: „Дијабетесот и ракот се измислени болести“ и дека со тоа се доведени во опасност. Се работи за манипулација со лековерните граѓани, кои лесно наседнуваат на приказните за чудотворци, бајачки и за исцелители.

Содржински, текстот тешко може да се смести во некој новинарски жанр, бидејќи се работи за украдено интервју и за плагијат од сличен бугарски портал, „Петел“, што новинарот, кој не се потпишал под текстот, како извор требало да го посочи, почитувајќи го предупредувањето дека преземање на оваа содржина без одобрение и без повикување на изворот не е дозволено. Згора на тоа, преводот е лош, конфузен и на неколку места неточен.

 

„ВАСИОНСКИ“ БРАТ

Текстот е сензација за наивен народ и еден е од серијата слични текстови на слични портали, кои се преплавени со разни гатачи, исцелители и со слични измамници, чија единствена цел е заработка на туѓа мака. Името на Иван Павлович Неумивакин во научните кругови е проблематично и, главно, е присутно на порталите и во медиумите кои заработката ја остваруваат преку разни семинари, повикувајќи се на методите на овој и на слични „алтернативци“.

Во текстот има и доста матерјални грешки што укажува на низок степен на едукација на авторот, бидејќи не прави разлика меѓу медицина за космонаути и „Космичка медицина“, како гранка на алтернативна медицина со која се „бави“ Неумивакин, чие интервју е преземено од посочениот бугарски портал, па го претставува како „Научник кој ја создал медицина за космонаути“, што не е точно.

 

РЕЦЕПТОТ Е ОПАСЕН !

Кога постои недостиг од знаење, а за жал и недостиг од доверба во надлежните институции и во луѓето кои работат во нив, граѓаните се подложни на манипулации. Медиумот наместо да го штити јавниот интерес и да ги одврати од штетата која можат да им ја направат „чудотворците“ за разни болести, им „продава“ решенија и рецепти кои се крајно проблематични, неиспитани, екстремни и често опасни, а во текстот придружени со категорично тврдење дека се ефикасни и делотворни. Без многу размислување, се пласира тезата на соговорникот за заштита на имунолошкиот систем со пиење вода со хидроген, авторот не објаснува во колкаво количество, со кој процент на хидроген, што може да биде опасно за тој што ќе посака да се лечи на овој начин.

„На чаша вода можете да капнете по 5-10 капки хидроген пероксид… кислородната вода е потребна за да работи заштитниот имунолошки систем, тој ги убива и доубива сите наши внатрешни непријатели.“

 

НЕПОЧИТУВАЊЕ НА КОДЕКСОТ

Ако се оградиме од формулите и од рецептите на „научникот кој ја создал медицината за космонаути“, кои авторот само ги пласирал, неговата повреда на Кодексот на новинарите на Македонија е содржана во членовите 4. и 12. кои гласат:

Членот 4.: Новинарот ќе го назначи изворот на информациите.

 

Член 12.: Плагијаторство е неприфатливо. Цитатите не смеат да се користат без да се нагласи изворот или авторот.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести