verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Навредлива и оцрнувачка содржина

on 5 - 12 - 2016       

dokazm-mk-ilche-gebelsche-pola-veles-_-http___www-dokazm-mk_ilche-gebelsc

[Рецензија: Илче Гебелсче пола Велес го лапнал. што уста е-гејска ќе беше бре бре]

 

Текстот е пишуван со навредлив речник, преполн е со непроверени информации и наликува на кафеански муабет. Во него нема изјави ниту, пак, се наведени прецизни извори на информации, што само потврдува дека целта е да се дискредитира пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

dokazm-mk-ilche-gebelsche-pola-veles-go-lapnal-shto-usta-e-gejska-kje-beshe-bre-breЛинк до оригиналниот напис: Илче Гебелсче пола Велес го лапнал. што уста е-гејска ќе беше бре бре

Датум и време на објавување: 29.11. 2016

Датум на рецензирање: 03. 12. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ДИСКРЕДИТИРАЊЕ

Уште самиот наслов кој користи недоличен речник, навестува дека на читателите им се нуди материјал со оцрнувачка содржина. Во него, освен што Димовски  се наркува „Илче Гебелсче“, дополнително се прави и конструкцијата: „што уста е-гејска ќе беше бре бре“, со која се алудира на наводната сексуална определба на споменатиот пратеник. Во истиот навредлив тон се испишани и четирите реченици од колку што се состои објавата:

„Илија Димовски стар дудлач партиски дознаваме пола Велес го приватизирал ебате, ете го на Велешко езеро гради хациенда денес ја видов сеуште е во фаза на изградба, а пријателите од Велес ми кажаа и дека хотелот во центар на Велес што беше Интернационал исто го лапнал тој беше во стечај го зел за ич пари. Ама на големо го реновира ќе го прави репрезентативен геј бар, за другарчињата де од Халкидики. Плус да не заборавиме зградата која се гради кај Официрскиот дом он стоел позади тоа имало некои шапшаловци како потписници ама Илче е правиот газда, а вие велешани лапајте муви. Велешани и име му извадиле ОЛИГАРХОТ ИЛЕ“.

Ниту еден од овие податоци не е поткрепен со докази. На пример, делот каде што се наведува дека Димовски гради хациенда, тврдењето за градежниот објект можело да се потврди со фотографија, која можела да се направи дури и со мобилен телефон. А ваквите наводи треба да се поткрепат и со документи од катастар, каде може да се види кој е сопственик на парцелата на која се гради. Исто така, и тврдењето дека Димовски, наводно, е сопственик на хотелот „Интернационал“, можело да се провери преку податоци за  движењето на сопственоста од Централниот регистар. И тврдењата дека вистинскиот сопственик на објектот кој се гради кај Официрскиот дом во Велес, е Димовски, а не лицата кои се потписници, требало да се истражат. Постојат начини како може да се провери нивната поврзаност, преку банкарски сметки, бизнис-зделки и слично.

Така би било во еден професионално сработен текст, но тука имаме паушално нафрлени податоци кои без никаква проверка се пласирани како целосна вистина, а всушност се „ветер и магла“. Дополнително, пак, „зачинети“ со вулгарниот речник кој се граничи со примитивизам, прават содржина која не заслужува да се нарече новинарски производ.

Гледано во целина, написот е во спротивност со стандардите на етички исправното новинарство и во него се прекршени повеќе одредби од Кодексот на новинарите:

 

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно. (Член 1)

 

 

Новинарот ќе го назначи изворот на информациите, но ако изворот бара да остане анонимен, новинарот ќе го заштити. (Член 4)

 

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и на дискриминација по која било основа. (Член 10)

 

Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот. (Член 13)

 

Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста. (Член 15)

 

Новинарот ќе ги чува угледот и достоинството на својата професија, ќе ги поттикнува заемната солидарност и различност на ставовите и нема да го употреби својот медиум за пресметка со личности, вклучувајќи ги и своите колеги. (Член 16)

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

дискриминација според сексуална ориентација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

нечитлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести