verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Жесток напад врз опозицијата, непоткрепен со докази

on 5 - 12 - 2016       

kurir-za-kiracovski

 

[Рецензија: СДСМ продолжува со старата практика на евтино купување гласови (ФОТО)]

 

 

Серијата коментари за актуелни и минати настани во рецензираниот текст се спротивност на професионалните стандарди. Неспоменувањето на однесувањето на други партии во предизборната кампања го прави текстот едностран и, во комбинација со коментирањето, создава сомнежи за политичка пристрасност.

sdsm-prodolzhuva-so-starata-praktika-na-evtino-kupuvanje-glasovi-foto-kurir-mkЛинк до оригиналниот напис: СДСМ продолжува со старата практика на евтино купување гласови (ФОТО)

Датум и време на објавување: 01.12.2016

Датум на рецензирање: 03.12.2016

Рецензент: Александар Пешев

 

Воведот на текстот претставува коментар со печатна грешка. Се тврди дека „…СДСМ исто како во минатот продолжува со старата практика за евтино купување гласови од граѓаните…“. Ваквиот вовед, инаку, во нормални околности значи почеток на изнесување факти, но во овој текст имаме продолжение на коментарите:

„Дополнителниот заменик министер за информатичко општество и администрација, Александар Кирацовски од СДСМ, утрово на својот Фејсбук профил објави фотографии како дели одредени производи во домот на едно семејство, што само претставува продолжување на старата практика на опозициската партија за евтино купување гласови“.

Клучното прашање кое се поставува не е дали дополнителниот заменик-министер објавил фотографии, туку како ваквите фотографии укажуваат на, како што пишува, „евтино купување гласови“. Дополнително, на читателот не му се објаснува дали ваквите постапки на функционерот се во спротивност со Изборниот законик и наместо анализа, објавата на социјалните мрежи се употребува како основа за надградба на коментарите:

„Ваквото потценување на граѓаните не е нешто ново кога СДСМ е во прашање“.  

 

ОБВИНУВАЊА ИМА, ФАКТИ НЕ

Повторно се поставува прашањето: кој го вели ова? Како е утврдено дека станува збор за потценување на граѓаните? Обид за одговор на ова прашање е преглед на активностите на партијата од минати изборни циклуси:

„На изборите во 2011-та година, СДСМ шеташе од врата на врата и делеше локум, кафе и наполитанки за купување на гласовите на граѓаните“.

Повторно се отвора простор за прашања кои остануваат неодговорени:

  • Дали е недозволиво партиски активисти да делат репрезентативен материјал во време на капања и дали тоа е во согласност со пропишаните норми и правила?;
  • Дали СДСМ е единствената партија која оди од врата до врата и дели репрезентативен материјал и ако не, зошто не се анализира материјалот кој во минатото и денес го делат други партии?

 

НАПАДОТ ФИНИШИРА СО НЕИЗДРЖАНО ОБВИНУВАЊЕ

Наместо одговор на овие прашања, се прават дополнителни прегледи за однесувањето на една партија, што создава впечаток за едностраност на објавата имајќи предвид дека, случајно или не, се прави осврт на активностите на една од многуте партии кои се и биле вклучени во изборни трки. Текстот резимира со обвинување за валкана игра на опозициската партија на изборите во 2013 година, а како доказ се нуди фотографија од непознат извор.

Сè на сè, имаме еднострана објава која создава сомнеж за политичка пристрасност. Со оглед на повеќето гореспоменати неодговорени прашања, станува јасно дека не е задоволен принципот на избалансираност, особено ако се има предвид дека од сите партии и нивните активности на овие и претходни предизборни кампањи, се издвојува само една и само за неа се коментира.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести