verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наслов со ветувачки факти, текст со испорачани половични „факти“

on 24 - 04 - 2020       

Колку е точна новинарска статија, покажува тоа колку е заснована врз факти. Иако фактите се пренесени со зборови, тие треба да се засноваат на потврдени податоци, а не врз претпоставки. Недостиг на фактички податоци, има и во написот што беше разгледан и претставен пред вас

Скриншот од веста што се разгледува

Линк до оригиналниот напис:  „Каде и како завршуваат донациите на семејствата на Заев и Мицкоски?“   Ku dhe si përfundojnë donacionet e familjes së Zaevit dhe Mickoskit?.

Датум на објавување: 04.04.2020

Датум на рецензија: 05.04.2020

Рецензира: Фатбарда Цури

Манипулативен наслов

Стана тренд некои медиуми во земјава манипулацијата да ја користат како најсилно оружје со единствена цел да привлечат што е можно повеќе кликања. Во последно време најголема мамка што ја користат за кликови се податоците поврзани со вирусот корона и политичарите. Во текстот што го разгледуваме, ги има и двата елемента. А манипулацијата започнува уште со насловот, кој привлекува да го отворите текстот и да прочитате точни податоци. Но тоа го нема.

„Откако беше објавено дека семејството на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, денес направи хуманитарна донација од 5.500 пакети за семејства кои имаат потреба во градот Струмица и околните општини, јавноста започна да прави споредба со донациите на семејството на лидерот на ВМРО, Мицкоски. Колку што е познато, семејството на Христијан Мицкоски донирало 30.000 евра, но за ВМРО, партијата што има недвижен имот милиони евра. За разлика од нив, семејството на Зоран Заев донираше 135.000 евра во форма на хуманитарни пакувања за најранливите категории граѓани во овие тешки периоди кога сите сме погодени од корона вирус“, се вели во статијата што ја разгледуваме.

Иако се споменуваат донации за двајцата лидери, медиумот избрал да објавува податоци за само еден од нив. Ова го прави медиумот едностран, затоа што не ги вклучува страните во иста мерка во текстот и не е аргументиран пред јавноста.

Селективни факти и сензационализам

Манипулацијата се забележува и со присуството на концептот на „селективни факти“, опишан во прирачникот КриТинк. Преку овој концепт, медиумот ги пренесуваат само фактите што одат во прилог на позицијата и тезата во текстот, а притоа се игнорираат податоците што се во спротивност со нивната цел.

За Заев, не е нај јасно колкава е вкупната вредност на донацијата и кога е направена, бидејќи нема извор за овие податоци, додека податоците обезбедени за Мицкоски се стари и се од 2019 година.

Вака објавените податоци е со цел да ја збуни јавноста, оставајќи впечаток дека се направени донации за борба против вирусот корона. Ова е спротивно на Етичкиот кодекс за новинарите, кој предлага медиумите, кога известуваат за природни непогоди, за што се смета вирусот корона, треба да избегнуваат манипулации и сензационализам.

Овој напис е дел од специјалното известување на Критинк за дезинформациите за епидемијата со коронавирусот или Ковид-19. Кликнете на линкот за најновите вести и потврдените информации од оваа област.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести