verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Прикажана само едната страна на приказната

on 23 - 04 - 2020       

[Рецензија: Апостолоска до Филипче: Нит лекар ме прегледал, нит терапија, само ме изолиравте за други да не заразувам]

Текстот што го рецензираме е нецелосен, не нуди доволно информации, ја дава само едната страна на приказната и на тој начин создава погрешна слика во јавноста.

Линк до оригиналниот напис:Апостолоска до Филипче: Нит лекар ме прегледал, нит терапија, само ме изолиравте за други да не заразувам

Датум и време на објавување: 21.04.2020

Датум на рецензирање: 23.04.2020

Рецензент: Ана Анастасовска

Имено, написот пренесува твитер статус на тетовчанката Наташа Апостолоска, чијшто татко почина од коорнавирус. Таа и мајка ѝ беа тестирани позтивни на вирусот и ставени во изолација.

Официјално излекувана од вирусот Ковид-19. Но, Филипче и МЗ не ме излекувавте, лоша терминологија, само ме изолиравте за други да не заразувам, пишува тетовката Наташа Апостолоска на „Твитер“.

Нит лекар ме прегледал, нит терапија сум примила во овие 28 дена во изолација!, додава таа.

Во статусот објавен на Твитер, Апостолоска реагира дека лекар ниту ја прегледал, ниту ѝ препишал терапија за време на самоизолацијата од 28 дена. И текстот тука завршува. Понатаму не дава одговори на ниту едно прашање. Какви симптоми имала Апостолоска? Дали била со лесна или тешка клиничка слика? Дали лекар ѝ се јавувал и ја следел нејзината состојба? Дали требала да биде хоспитализирана, а не била?

Текстот пренесува само нејзина критика до здарвствените власти од две реченици и толку.

Но, доколку се погледнат коментарите под нејзиниот статус ќе се види нешто друго. Прво, Апостолоска, како што и самата пишува, била советувана од лекар да пие витамин Ц и многу течности, веројатно затоа што имала лесни симптоми.

Понатаму, самата таа пишува дека секој ден ѝ се јавувал матичен лекар кој ѝ поставувал разни прашања за состојбата, што значи дека не е точно дека не била контактирана од здравствено лице.

Како што во повеќе наврати спомна и министерот за здравство, Венко Филипче, пацинетите заболени од коронавирус кои немаат тешка клиничка слика се лекуваат во домашни услови и нив ги контролира матичниот лекар.

Секоја приказна секогаш има две страни и задача на новинарот е да ги прикаже двете страни, за да не создава забуни кај читателите и да не манипулира, онака како што е во овој случај. Во овој напис ја немаме втората страна, туку имаме груба злоупотреба на нечиј твитер статус за политичко поентирање.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести