verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Шпекулација е дека само Уставниот суд може да ги врати пратениците во Собранието

on 24 - 04 - 2020       

[Рецензија:Само Уставниот суд може да ги врати пратениците во Собрание и никој друг]

Текстот е шпекулативен, едностран, а за изнесеното тврдење на читателите не им нуди сериозна и издржана потврда дека напишаното е точно.

Линк до оригиналниот напис: Само Уставниот суд може да ги врати пратениците во Собрание и никој друг

Датум и време на објавување: 22.4.2020

Датум на рецензија: 23.4.2020

Рецензент: Симона Атанасова

Освен ситуацијата со вирусот Ковид 19, изминатиов период во јавноста е актуелна и дебата дали Собранието повторно треба да се собере и да заседава. Законодавниот дом се распушти на 16 февруари кога беа распишани предвремени парламентарни избори кои требаше да се одржат на 12 април. Но, поради засиленото ширење на коронавирусот во Европа, а со тоа и во Македонија, претседателот на државата беше приморан да прогласи вонредна состојба. А, тоа доведе до одложување на изборите.

Сега државата е во ситуација кога има распуштено Собрание поради избори, а избори нема. Тоа предизвика дебата во јавноста дали Собранието треба повторно да се свика.

Текстот што го анализираме тврди дека само Уставниот суд може да ги врати пратениците во Собранието. Но, како единствено образложение за тврдењето нуди анонимни изјави од експерти.

Нјаголемиот дел од експертите по уставно право во државата веќе се изјаснија во однос на дилемата и нивните ставови се познати. Некои од нив се согласни дека Собранието треба да се свика, други велат тоа ќе биде неуставно. За нивните тврдења на јавноста ѝ нудат различни толкувања на Уставот, но ниту еден од нив не тврди дека заседавањето на Собранието зависи од Уставниот суд.

Бидејќи во текстот изрично се тврди дека „само Уставниот суд може да ги врати пратениците во Собранието“, очигледно потребна е официјална потврда од самата институција или од некој од судиите во Судот. Кој ако не тие би биле надлежни да го потврдат или демантираат ова. Но, такво нешто во написот нема.

Во текстот не е наведено ниту правно образложение зошто е донесен ваков заклучок, кој закон или кој член на Уставот го тврди ова.

Освен недостатокот на кредибилни извори, во текстот коментаторски се заклучува дека власта сака да го свика Собранието за да бидат изгласани сите уредби од Владата донесени во вонредна состојба, додека таа сè уште има мнозинство во законодавниот дом. Овој тенденциозен зклучок е фрлен од ракав. Не е прашан никој од власта која е целта на свикување на Собранието.

Инаку, целата ситуацијата околу свикувањето на парламентот е некако конфузна и поради тоа што дел од владејачкото мнозинство – партијата ДУИ, е против, но дел од опозицијата , пак,  независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, е за негово заседавање. Па, медиумите наместо доплнително да ја зголемуваат  забуната, треба да пренесуваат проверени факти, а кога наведуваат извори треба да се трудат тие да не бидат анонимни, затоа што анонимноста на изворите многу често се злоупотребува за да се протнат нечии лични гледишта на работите.

Да,  Кодексот на новинарите предвидува дека ако изворот бара да остане анонимен, новинарот треба да го заштити. Но, во оваа ситуација навистина нема никаква потреба експертите да бидат анонимни кога веќе решиле да проговорат на темата и ако навистина ја имаат експертизата. Секако, доколку навистина биле консултирани експерти.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести