verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Накалемен“ спинерски наслов на туѓа сторија

on 3 - 01 - 2017       

mkd

 

[Рецензија: Додека Градоначалникот на Куманово носи цвикери од стотици евра ова 8 члено семејство нема шпорет за греење и живее во голема сиромаштија]

 

Станува збор за преземена информација за едно осумчлено семејство од старонагоричанскиот регион, на која е „накалемен“ спинерски наслов кој има цел да извади кабаетлија политичар кој нема ама никаква врска со веста. За што, вушност, се работи?

http___mkdtimes-com_Линк до оригиналниот напис: Додека Градоначалникот на Куманово носи цвикери од стотици евра ова 8 члено семејство нема шпорет за греење и живее во голема сиромаштија

Датум и време на објавување: 27.12.2016

Датум на рецензирање: 03.01.2017

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ИЗОСТАВЕНА ПОФАЛБА

„Хуманитарната организација „Крепост“ од Куманово подари шпорет на дрва и поголема количина на друга хуманитарана помош на семејството осумчленото слепо семејство Младеновски од планинското село Враготурце во пресрет на новогодишните празници. Членовите на организацијата се организираа да помогнат откако на САКАМДАКАЖАМ.МК беше објавена приказна за тешкиот живот на ова осумчлено семејство, кое живее во голема сиромаштија“.

Овој цитат на веста е точен, како и целиот содржински дел што е пренесен од оригиналниот напис, кон кој има точно наведен линк. Проблемот е во тоа што на преземен текст е додаден наслов кој никако не извира од материјалот. Имено, насловот кој гласи „ Додека Градоначалникот на Куманово носи цвикери од стотици евра ова 8 члено семејство нема шпорет за греење и живее во голема сиромаштија“,  нема никаква врска со текстот. Најпрвин затоа што се случува во сосема друга општина – во Старо Нагоричане, каде градоначалник е друга личност и е од друга политичка опција, ако веќе тоа станува битен момент. Навистина е нејасно како може кумановскиот градоначалник да биде одговорен за нешто што се случува во друга општина? И каква е улогата на неговите очила, за кои не е наведен опис (марка) и прецизна цена, туку се користи формулацијата „стотици евра“ и се прави спинерска конструкција дека споменатиот политичар носи скапи очила и се расфрла со пари, додека „обични“ луѓе живеат во сиромаштија.

Тука, со оглед дека се работи за преземен текст, се прави и класичен фаул кон изворот на веста. Наместо да биде пофалена иницијативата на редакцијата (се работи, инаку, за вест во низа – најпрвин има информација за состојбата на осумчленото семејство, а по објавувањето на сторијата се јавиле спонзори за да помогнат да се подобри нивната социјална ситуација), таа е само злоупотребена да се влезе во непристојни асоцијации кон градоначалникот на Куманово.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

нема прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосно прикажува вистина

има во насловот

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор со линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

има во насловот

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести