Заев не е единствениот пратеник против кој се води судски процес
Објавено во Рецензии
on 4 - 01 - 2017 Автор: Ана Анастасовска[Рецензија: СТРАВ ЛОЗЈЕ ЧУВА: Заев го одбра пратеничкиот имунитет пред градоначалничката фотелја]
Текстот што го рецензираме е политички пристрасен и селективен. Тој ја манипулира јавноста дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, одбрал да биде пратеник за да избегне кривична одговорност и притоа сугерира мислење дека Заев е виновен.
Линк до оригиналниот напис: СТРАВ ЛОЗЈЕ ЧУВА: Заев го одбра пратеничкиот имунитет пред градоначалничката фотелја
Датум и време на објавување: 30.12.2016
Датум на рецензирање: 04.01.2017
Рецензент: Ана Анастасовска
„НЕКОЛКУ“ НЕ Е ИСТО СО „ДВА“
Најпрво, во текстот не се почитува презумцијата на невиност, а второ, се има селективен пристап.
„Опозицискиот лидер Зоран Заев, против кого се водат неколку судски процеси, го одбра пратеничкиот имунитет пред градоначалничката функција“.
Уште на почетокот се прави забуна, со употреба на изразот „неколку“ судски процеси. Против Заев се водат два предмети во Кривичниот суд, а не неколку, како што се посочува во текстот, а што асоцира на повеќе од два.
ПРАТЕНИЧКИ ИМУНИТЕТ
„Сега веќе поранешниот струмички градоначалник, со пратеничкиот мандат смета дека ќе се спаси од кривичниот прогон и од одговорноста за барањето поткуп“.
Ова, исто така, не е точно, бидејќи пратеничкиот имунитет не ги штити пратениците од сите кривични дела.
Секој пратеник, во согласност со членот 64 од Уставот на Република Македонија, ужива имунитет во случај на сторено кривично дело и не може да биде притворен без одобрение на Собранието, освен во одредени случаи.
Пратениците уживаат имунитет. Пратеникот не може да биде повикан на кривична одговорност или да биде притворен за искажано мислење или за гласање во Собранието. Пратеникот не може да биде притворен без одобрување на Собранието, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. Собранието може да одлучи да се примени имунитет над пратеник и кога тој самиот не се повикал на него, ако е тоа потребно заради вршење на функцијата пратеник.
СЕЛЕКТИВЕН ПРИСТАП
Проблемот во овој текст е што не се почитува презумпијата на невиност и однапред му се суди на Заев дека е виновен и се убедува јавноста дека тој со пратеничкиот имунитет сака да се спаси од кривична одговорност.
Втор проблем е што текстот, водејќи се од политички побуди, е селективен и се осврнува само на опозицискиот лидер, иако во пратеничките клупи седнаа и функционери од ВМРО-ДПМНЕ против кои се водат предмети во Кривичниот суд, а кои ги поведе Специјалното јавно обвинителство. Но, тоа во написот никаде не е спомнато.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
делумно
делумно
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
официјални
релевантни
1 извор
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
делумно прикажува вистина
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
информира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
делумно стилски уреден
поврзан со тагови