verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Партиска боја на загадувањето

on 3 - 01 - 2017       

 

trdhn[Рецензија: Труењето продолжува: Утрово Куманово повторно најзагаден град, СДСМ бега од одговорност]

 

Текстот што го рецензираме е едностран и политички пристрасен, бидејќи на проблем каков што е загадувањето, му се дава политичка, наместо граѓанска димензија и тоа се прави уште во тенденциозниот наслов: „Труењето продолжува: Утрово Куманово повторно најзагаден град, СДСМ бега од одговорност“. Очигледна е намерата овој проблем  да се третира преку град во кој градоначалник е од редовите на СДСМ (Куманово), а притоа загадувањето на Скопје и на другите градови во Македонија воопшто не се споменува.

kurirЛинк до оригиналниот напис: Труењето продолжува: Утрово Куманово повторно најзагаден град, СДСМ бега од одговорност

Датум и време на објавување: 03.01.2017

Датум на рецензирање: 03.01.2017

Рецензент: Силвана Жежова

 

ТЕНДЕНЦИОЗНОСТ

Во написот се говори за загадувањето во Куманово и се повикува на одговорност градоначалникот Зоран Дамјановски, што не е спорно. Во конкретниот случај проблематично е тоа што во текстот се прави и еден тенденциозен линк со лидерот на СДСМ, Зоран Заев:

„Инаку, минатата ноќ Куманово беше најзагадениот град во Европа со 676 mg / m3. Таквиот најзагаден воздух буквално ги труе кумановци, а градоначалникот од СДСМ Зоран Дамјановски буквално ништо не презема, ниту пак неговиот партиски шеф Зоран Заев“.

Но, не само Заев, на листата „обвинети“ за загадениот воздух во овој град се најде и Оливер Спасовски.

„Овие неславни европски рекорди во загадувањето на Куманово зборуваат и за неуспешнпста на таканаречената „гасификација“ што ја најавуваа СДСМ и Заев. Свој дел во одговорноста за загадувањето на Куманово има и Оливер Спасовски кој долги години беше секретар на општина Куманово“.

Во интерес на објективноста, треба да се каже дека со проблемот со гасификацијата не се соочува само  Куманово туку и другите загадени градови во државата, каде што гасификацијата не е реализирана, а општините ги водат градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Проблемот со загадувањето не треба да се третира политички, бидејќи граѓаните имаат право на чист воздух. Тоа не треба да се поврзува со политичката партија на која припаѓа градоначалникот. И кога се известува за овој горлив проблем, коректно е да се наведат и сите други градови во државата каде што граѓаните дишат многу загаден воздух. Исто така, треба да се споменат и двата протести на граѓаните на Скопје за чист воздух, како и потпишувањето на петицијата која е во тек.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

нема лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести