verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Конструкции за криминални шеми за предизборно оцрнување

on 9 - 12 - 2016       

republika-kriminalno-podzemje-zaev

[Рецензија: Заев го спрема и подготвува криминалното подземје за 11 декември: За само 24 часа Заев на средби со плејада криминалци]

 

Текстот е типичен пример како со чиста шпекулација се подгреваат предизборни тензии. Освен што е шпекулативен, написот е целосно едностран и коментаторски, без конкретни извори, а уште помалку – докази.

zaev-go-sprema-i-podgotvuva-kriminalnoto-podzemje-za-11-dekemvri-za-samo-24-chasa-zaev-na-sredbi-so-plejada-kriminalci-republika-onlineЛинк до оригиналниот напис: Заев го спрема и подготвува криминалното подземје за 11 декември: За само 24 часа Заев на средби со плејада криминалци

Датум и време на објавување: 07.12.2015, 18:37

Датум на рецензирање: 08.12.2015

Рецензент: Симона Атанасова

 

КОНСТРУКЦИЈА ПРАВЕНА ОД „ЈАСНОВИДЕЦ“

Написот тврди дека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, за 24 часа, ни помалку ни повеќе, се сретнал со „плејада“ криминалци за да предизвика изборни нерегуларности.

„Неизбежниот пораз кој СДСМ и Заев ќе го доживеат на 11-ти декември го натера лидерот на СДСМ одново да го активира криминалното подземје во земјава и соседството со цел предизвикување на изборни нерегуларности, кои потоа ќе служат како алиби со кое ќе се бара поништување на изборните резултати“.

Првата манипулација во текстот е фразата „неизбежниот пораз на СДСМ и Заев“. Не е јасно од каде овој заклучок? Кои се фактите кои навеле да се напише вакво нешто, особено неколку дена пред избори? Дали можеби се некои анкети или истражувања? Ниту е наведено, ниту е соодветно линкувано. Без потврда, ова е само една коментаторска манипулација.

Потоа текстот „информира“ дека на фотографијата прикачена на текстот, Заев е во друштво на извесен Наки Халими, за кој се тврди дека е „добро познат по криминалот со продажба и дистрибуција на наркотици“. Воопшто не е јасно од каде и кому тоа Халими му е „добро познат“.

Нема информација и како медиумот дошол до констатацијата дека тој е криминалец, која ја претставува како точна. Извор за ова не е ниту една релевантна институција, како Министерството за внатрешни работи, Јавно обвинителство или, пак, некој од судовите. Ова се единствените институции кои можат да ја потврдат таа информација, но од нив не е побарана потврда за напишаното. Непотврдено, ова тврдење може многу лесно да е невистинито.

 

ЕДИНСТВЕНИОТ „ДОКАЗ“ Е ЕДНА ФОТОГРАФИЈА

Написот манипулира уште со самиот наслов, во кој вели дека Заев се сретнал со „плејада криминалци“, а подолу во текстот додава дека станува збор за „голем број на лица со дебели криминални досиеа“.

Освен коментаторските фрази, нема наведено официјални докази дека Заев се сретнал со голем број криминалци. Ниту, пак, е истакнато кои се тие „плејада“ криминалци. Уште помалку, пак, од каде излегува тоа дека Заев се сретнал со нив „за 24 часа“.

Единствен „факт“ врз кој се темели текстот е слика од Заев со Халими, за која не се знае ниту кога е сликана, ниту каде, ниту, пак, има релевантен доказ дека тоа е навистина Халими и дека тој навистина е криминалец.

Заев, како и сите други политичари, предизборно на митинзи или средби со граѓани се среќава со многу луѓе кои сакаат да се сликаат со него. Тоа не значи дека секој што се слика со Заев е негов пријател или, пак, дека Зеав планира да прави „матни и насилни сценарија“ со секој со кој се слика.

 

ШПЕКУЛАЦИЈА НАДВОР ОД НОВИНАРСКИТЕ СТАНДАРДИ

Текстот шпекулира, а тоа на читателот не му е јасно ставено до знаење. Фактите кои ги истакнува не се проверени од ниту една страна, текстот нема релевантни извори, а со половични информации прави целосна манипулација. Написот повеќепати ги прекршува клучните новинарски принципи од Кодексот на новинарите од Македонија.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

не може да се утврди точноста на наводите

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести