verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Нејасно и еднострано „прераскажување“

on 9 - 12 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

Напис: „Дневник“: ДУИ со закана, или официјализирање на албанскиот јазик, или нова криза

ДУИ се заканила дека ако победничката партија на овие избори не го официјализира албанскиот јазик, тогаш ќе се соочат со една нова криза, пишува „Дневник“.

Ако партиите на Албанците кои учествуваат во парламентарните избори кои ќе се одржат на 11 декември не се откажат од позицијата земи или остави, можно е новата влада да биде без партијата на Албанците и Македонија да влезе во една уште подлабока политичка криза.

„ДУИ, ДПА, Алијансата за Албанците и Движењето Беса веќе се изјасниле дека без целосно прифаќање на нивните платформи нема да има преговори за новата влада“.

Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека тие се фокусирани за освојување на 63 пратеници, затоа што само на овој начин ќе може да ѝ се стави крај на кризата која СДСМ ѝ ја наметна на државата овие последни две години.

 

[Рецензија: „Дневник“: ДУИ со закана, или официјализирање на албанскиот јазик, или нова криза]

И политичката пропаганда и политичката антипропаганда имаат свои премиси и начин на кој се креираат, но и како се распознаваат. Новинарот треба да поседува вештина за да ја препознае јасно разликата помеѓу еден пропагандистички напис и една вест. Кога написите се нејасни и напишани без да се засноваат на докази, тогаш се подразбира дека текстот е напишан тенденциозно и за причини кои се различни од објективното информирање на јавноста.

Текстот што го рецензираме е таков и наместо да појасни, тој уште повеќе ги меша информациите за кои вели дека се преземени од еден друг медиум. Во себе ги нема главните елементи на веста, а употребените цитати, во недостиг од елементи кои би ги конкретизирале истите, не може да се одреди дали се релевантни или, пак, се измислени.

„ДУИ се заканила дека ако победничката партија на овие избори не го официјализира албанскиот јазик, тогаш ќе се соочат со една нова криза, пишува ’Дневник’.

Ако партиите на Албанците кои учествуваат во парламентарните избори кои ќе се одржат на 11 декември не се откажат од позицијата земи или остави, можно е новата влада да биде без партијата на Албанците и Македонија да влезе во една уште подлабока политичка криза“.

Во овој текст ќе беше многу важно да се внесеше и прецизираше датумот кога ДИУ пренела еден таков став, за кој медиум и кој член на партијата го изјавил тоа.  Во содржината вакви информации нема. Но, освен ова, во текстот нема уште многу други важни елементи.

dnevnik-kercenon-bdi-screenshotЛинк до оригиналниот напис: „Дневник“: ДУИ со закана, или официјализирање на албанскиот јазик, или нова криза

Датум и време на објавување: 02.12.2016

Датум на рецензирање: 03.12.2016

Рецензент: Адриан Керими

Цитатите се многу важни. Исто толку важни се и изворите што се цитираат. Прашањето за кое се зборува во текстот, не дека треба да се занемари, но, исто така, не треба да ѝ се наметне на јавноста, без да биде нималку конкретизирано кога, каде и од кого е кажано.

Став од другите политички субјекти или, пак, од познавачите на политичките прашања, во овој случај ќе ја дополнеше веста со професионални ставови, па можеби и оваа теорија ќе звучеше поубедливо за разлика од овој пристап со пропагандистичка тенденција.

„ДУИ, ДПА, Алијансата за Албанците и Движењето Беса веќе се изјасниле дека без целосно прифаќање на нивните платформи нема да има преговори за новата влада.

Во меѓувреме, од ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека тие се фокусирани за освојување на 63 пратеници, затоа што само на овој начин ќе може да ѝ се стави крај на кризата која СДСМ ѝ ја наметна на државата овие последни две години“.

Темите кои допираат до две или повеќе страни, налагаат и ставови од две или повеќе страни. Во овој случај, спомнат е дел од политичките партии на Албанците и дел од политичките партии на Македонците, но истовремено се и занемарени затоа што не им е дадена можност сами да се изјаснат за тезите поставени во текстот. Ова уште еднаш го докажува непрофесионалниот пристап, затоа што темата е третирана многу површински.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност, комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести