Кога новинарството се користи за дискредитирање
Објавено во Рецензии
on 16 - 12 - 2015 Автор: Димитар Тануров[Рецензија: ВИДЕО: Нова шлаканица за Саше Политико]
Текстот е едностран и коментаторски, етикетира и дава лични оцени, без тие да бидат поткрепени со факти.
Линк до оригиналниот напис: ВИДЕО: Нова шлаканица за Саше Политико
Датум и време на објавување: 14.12.2015 – 10:54
Датум на рецензирање: 15.12.2015
Рецензент: Димитар Тануров
ТРИ ВО ЕДНО!
„Саше Политико, кој на јавноста и е познат по погрдните зборови и некултурата која ја користи, имаше неуспешен обид да ги испровоцира граѓаните.“
Авторот на текстот при презентирањето на информацијата го етикетира новинарот кој ја врши анкетата. Истовремено, во написот се нудат заклучоци што не се поткрепени со факти, ниту, пак, произлегуваат од одговорите на анкетираните.
„Разликата меѓу конструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ и деструктивноста на СДСМ и лидерот Заев е очигледна за сите. Обидот на опозицискиот лидер да креира криза се враќа како бумеранг, како жестока казна.“
Испуштајќи дел од одговорите од анкетата, во текстот се промовираат провладини ставови и се врши генерализација за ставот на јавноста.
Tекстот, промовирајќи ја уличната анкета како метод за прецизни статистички податоци за јавното мислење, создава илузија кај читателите за доминантниот став на јавноста. Уличните анкети, кои немаат стратификуван примерок и научно поставени прашалници се користат, пред сè, за добивање одредени изјави за темата која се обработува, но не и за мерење на јавното мислење. Затоа тие не смеат да се земаат како релевантни показатели, туку само за потребите на медиумиот.
Работа на новинарот е да пренесува објективни и вистинити информации. Но, овој текст нема намера коректно да информира, туку да го омаловажи Саше Политико, да ја нападне опозицијата и да ја пофали власта. Три во едно!
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
нема факти
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
има евидентирани извори
анонимни
нерелевантни
не може да се утврди
еднострани
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
наклонетост
политичка пристрасност
КОМЕНТИРАЊЕ
има коментаторски елементи
интегрирано со фактите
ПЛАГИЈАТ
не може да се одреди
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
дезинформира
некреативен
сензационален
несоодветен
тенденциозен
ФОТОГРАФИЈА
има
соодветна
ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
политичка дискриминација
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
средно читлив
солидни мултимедијални елементи
има контекстуални линкови
делумно стилски уреден
неповрзан со тагови