verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Ширењето празноверие е спротивно на новинарската етика

on 16 - 12 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Полна месечина ќе се појави на Божиќ_ _ - http___press24.mk_polna-mesechina- 1

[Рецензија: Полна месечина ќе се појави на Божиќ: Ако сакате пари, изговорете ја реченицава!]

 

Текстот е полн со празноверие, суеверност, бабини деветини, а во него отсуствуваат факти, изјави и потврдени податоци. Напишаното не влегува во ниту еден новинарски жанр, не нуди новост ниту, пак, проверена информација, а најмалку од сè има едукативна содржина.

Полна месечина ќе се појави на Божиќ_ _ - http___press24.mk_polna-mesechina-Линк до оригиналниот напис: Полна месечина ќе се појави на Божиќ: Ако сакате пари, изговорете ја реченицава!

Датум и време на објавување: 14.12.2015, 13:03

Датум на рецензирање: 15.12.2015

Рецензент: Симона Атанасова

 

БАБИНИ ДЕВЕТИНИ

Текстот му предлага на читателот да направи ритуал за привлекување пари, кој не е ништо друго туку чисто празноверие и нема никаква потврда дека тој фукнционира.

Во текстот се вели и дека „Овој феномен последен пат е забележан во 1977 година“, но нема поконректни информации кој го забележал, кој го применувал и дали воопшто бил ефективен.

Насловот на текстот е манипулативен и неточен затоа што е спомнат верскиот празник Божиќ, кој во Македонија се прославува на 7 јануари, но подолу во текстот се вели дека станува збор за католичкиот Божиќ, кој се прославува на 25 декември.

Новинарските текстови треба, пред сè, да информираат со проверени и со чисти информации, а не да се базираат на суеверија и да му предлагаат на читателот да прави ритуали што немаат никаква врска со реалноста.

Освен информирање, на новинарството задача му е и да едуцира, а овој текст нема никаква едукативна вредност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

лажни информации

Не може да се утврди

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести