verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Кога непромислениот говор станува навредлив

on 19 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

press 24

[Рецензија: Невестата го остави вереникот за време на церемонијата, но добро обрнете на нејзините раце]

 

Написот, според неговата содржина, е несоодветно категоризиран, има наслов што остава погрешен впечаток, а истовремено, сакајќи да биде повпечатлив, запаѓа во замката да биде сфатен двосмислено и да испрати навредлива порака.

Press24Линк до оригиналниот напис: Невестата го остави вереникот за време на церемонијата, но добро обрнете на нејзините раце

Датум и време на објавување: 14.07. 2016

Датум на рецензирање: 18. 07. 2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ВАЖНИ СЕ САМО КЛИКНУВАЊАТА

„Бритни е преубава невеста која за жал е глува но исто така и е многу страствена кога е заковниот јазик во прашање. За време на свадбената церемонија, Бритни одлучила со својот иден сопруг да се изрази на еден единствен начин.“

Според содржината што ја пренесува, веста  е повеќе соодветна за категоријата „забава“, отколку за „свет“ каде се пренесуваат информации со поголема тежина и сериозност. Истовремено, целиот напис се темели на видеозапис, кој е стар неколку месеци, односно од 3 мај, што посочува дека истовремено станува збор за „бајата вест“.

Исто така, текстот нема соодветна интерпункција што  ќе ги подели долгите реченици и ќе овозможи полесно следење на текот на мислата. А името на младоженецот Евен, пак, е погрешно транскрибирано, би требало да биде  „Еван“.

Освен јазични и граматички грешки, написот, веројатно, непромислено користи несоодветни изрази, како на пример :

„… за жал е глува…“

„… исто така и е многу страствена кога е заковниот јазик во прашање…“

Ова може да биде навредливо за глувонемите лица, особено придавката „страствена“ (односно  „страсна“) за знаковниот јазик.

Според насловот, а и последната реченица од написот се добива впечаток дека невестата ја напушта свадбата и младоженецот, а не дека се повлекува неколку чекори настрана, за преку знаковен јазик и песна да ја изрази својата љубов. Вака составениот наслов во кој, инаку, има и грешка – пропуштен е зборот „внимание“, остава сомнеж дека главна цел не му е да информира, туку да собере што повеќе „кликови“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

нема лажни информации

комерцијална пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести