verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не се сите експерти за верување

on 19 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

press 24 izbori

[Рецензија: Избори на 11 декември – СДСМ со план за продолжување на кризата]

 

Ако се земе како пример оваа медиумска содржина, од неа можат да се извлечат една добра и една лоша новинарска практика.

Добрата ја илустрира ситуацијата дека кога се земаат податоци од анонимни извори, тоа треба да се прави во рамките на она што е прифатливо од таквите извори: информациите од нив да бидат на ниво на факти и на навестувања што произлегуваат од нив. Најважно од сѐ, кога веќе мора да останат анонимни, е да има некоја гаранција дека се работи за извори што се непосредни „иматели“ на тие информации, односно факти што ги соопштуваат непосредните актери на процесите од кои произлегуваат тие информации.

Она што мора да се направи во една професионално стандардна постапка, е таквата информација да се вкрсти со други извори и информации за да се намали степенот на шпекулација. Така сугерира и членот 1 од Кодексот на новинарите:

Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес.

Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.

Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно.

Во случајот на медиумската содржина што ја рецензираме, степенот на шпекулација останува прилично висок, бидејки недостига тоа вкрстување со друг извор на информации.

Сепак, професионалниот „грев“ од таквата постапка е далеку помал од лошата практика содржана во овој текст.

07192016-Press24-IzboriЛинк до оригиналниот напис: Избори на 11 декември – СДСМ со план за продолжување на кризата

Датум и време на објавување: 18.07.2016, 10:50

Датум на рецензирање: 19.07.2016

Рецензент: Зоран Бојаровски

 

А ЗОШТО АНОНИМЕН ЕКСПЕРТ?!

Таа лоша практика се вградила во оваа медиумска содржина во моментот кога е побарано мислење од експерти. И тоа повторно анонимни.

Како прво, во овој случај,  нема никаква причина експертот да биде анонимен. И не само во овој случај. Зошто воопшто некој експерт би бил анонимен?! Тој не е засегната страна и изнесува експертско мислење, неутрално, врз основа на својата стручност, а не политичка определба и приклонетост.

Во случајот на новинарската содржина што ја рецензираме, мислењето на експертот е крајно шпекулативно и претставува проекција од една пристрасна позиција. Еве, проверете сами:

„Експертите велат дека целта на СДСМ е и по изборите, да продолжи со креирање тензии и да се обиде да го спречи формирањето на нова влада и на тој начин нивните министри да останат на функциите уште подолг период без да бидат избрани од граѓаните“.

Оваа изјава нема елементи на експертски став, туку е политички коментар со вокабулар многу близок на владејачките политички лидери. Искусниот новинар и рационалната публика не е тешко да го препознаат тоа.

Оттаму, ако искусните новинарски професионалци добијат ваква изјава од една страна, тогаш мора да побараат уште едно, второ, експертско мислење. Така ќе се обезбеди непристрасно и избалансирано известување и професионална дистанца од политичките субјекти, како што налага член 14 од Кодексот на новинарите.

Ако не се направи тоа, останува, како во случајот на оваа медиумска содржина, чувството на недоверба во понудената информација.

 

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

Делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални, анонимни

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

соодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести