verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст што поттикнува насилство

on 19 - 07 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

 

kurir

[Рецензија: СДСМ во очај: Се потсмева на жрвите во Турција и повикува на крвави вооружени пресметки во Македонија]

 

Текстот што е предмет на рецензија поттикнува насилство, неосновано обвинувајќи ја најголемата опозициска партија дека повикува  „на крвави пресметки во Македонија и слика исто како во Турција“. Истовремено, СДСМ  е обвинет и дека се „потсмева на жртвите“, алудирајќи дека го посакува истото на сопствениот народ.

Насловот, како  и написот, не нудат никакви докази во оваа насока, освен статуси на лица активни на социјалните мрежи, кои се наменски и паушално толкувани (инаку, некои од нив воопшто и не се членови на оваа партија). Настрана тоа што  нивните поединечни статуси без разлика дали некои од личностите имаат партиска припадност, не го изразуваат ставот на партијата.

statusi SDSMЛинк до оригиналниот наслов: СДСМ во очај: Се потсмева на жрвите во Турција и повикува на крвави вооружени пресметки во Македонија

Датум и време на објавување: 16.07.2016

Датум на рецензија: 18.07.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

НАМЕНСКА КОНСТРУКЦИЈА

Написот почнува со ФБ-статус на пратеничката Лидија Димова и прави наменска конструкција дека таа повикува на насилство, без да се земе предвид дека токму и во статусот Димова нагласува „само без пукање, молам“.

„Пратеничката на СДСМ, Лидија Димова која наместо да се залага за интерсите на граѓаните на Македонија и нивен подобар живот, таа преку социјалните мрежи посакува „и на наша глава“ да се случи Турција“.

Во однос на нејзината изјава, постои едностраност на толкувањето, бидејќи не е земен предвид коментарот на Димова за телевизија „Сител“, во кој таа објаснува дека „не е точно дека повикува на насилство“, нагласувајќи  дека  е „жена која не сака нејзините синови да бидат убивани.“

Материјалот што го рецензираме пренесува и фејсбук-статус на извесен Ла Ки, за кој медиумот тврди дека е полицаец, кој, наводно, бил „унапреден од техничкиот министер Оливер Спасовски“ ( за Спасовски воопшто не е споменет ресорот – внатрешни работи). За него не се нудат никакви докази дека е полицаец, а уште помалку дека добил унапредување. Во интегриран коментар во текстот се вели дека унапредувањето, наводно, му е партиска залсуга, со што уште еднаш се алудира на тоа дека партиски припадници на СДСМ се тие кои повикуваат на пролевање крв.

Текстот пред нас не нуди докази дека СДСМ ѝ посакува исто сценарио на Македонија како воениот удар што се случи во Турција, а уште помалку тоа да биде крваво. Најголемата опозициска партија не излезе со став за обидот за воен удар во Турција, за разлика од владините институции кои преку соопштенија изразија поддршка за „демократски избраната влада во таа држава“.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

повеќе извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

потикнува на насилство

не дискриминира

политичка дискриминација,

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести