verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Катица Јанева направила грев и отишла на викенд во Грција!?

on 31 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

info

 

[Рецензија: КАТИЦА ВО ГРЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ВМРО: Кате Јанева на прошетка во Грција си го разбиструва умот и размислува кој внук следен да го вработи!]

Текстот што е предмет на оваа рецензија е конструиран врз шпекулации и во него се тврди дека специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за празникот, по повод 23 Октомври, била на прошетка во Грција. Станува збор за едностран, коментаторски и тенденциозен напис, кој ни малку не ги исполнува основните стандарди во новинарството.

 

infoЛинк до оригиналниот напис: КАТИЦА ВО ГРЦИЈА ЗА ДЕНОТ НА ВМРО: Кате Јанева на прошетка во Грција си го разбиструва умот и размислува кој внук следен да го вработи!

Датум и време на објавување: 25.10.2016

Датум на рецензирање: 30.10.2016

Рецензент: Симона Атанасова

Како единствена потврда за изнесената шпекулација, на текстот е закачена фотографија од обвинителката Јанева, за која не се знае ниту кога, ниту каде е сликана, ниту кој е авторот, ниту, пак, дали е можеби фотомонтажа. Најмалку од сè, личи дека е сликана на „шопинг-прошетка“ во Грција, како што тврди медиумот.

Но, дури и обвинителката навистина да била на продолжен викенд во Грција, што не е никако потврдено во текстот, не е јасно зошто тоа би било проблем. Нема закон кој забранува обвинители или кој било друг да оди на викенд во Грција.

„Она што не го знаеме е дали Катица во Грција заминала со личниот шофер Вили Јанев со кого е во некаква фамилијарна врска, или пак до таму ја возел внучкото Ѓорѓи Делиџаков кој таа како добра тетка го вработила во СЈО веднаш по завршување на економскиот факултет“.

Во написот, чиј автор се трудел да има ироничен тон, нарекувајќи ја Јанева „масовен вработувач“, се тврди дека таа вработувала внуци, сватоштини, пријатели и партиски колеги. Од сето ова точно е дека во Специјалното јавно обвинителство е вработен внук на Јанева, за што таа самата даде потврда во интервју на „Топ-тема“ на телевизија „Телма“. Сето друго е додадено и преувеличено, со очигледна цел за дискредитација на Јанева, а со тоа и за дефокусирање од случаите што ги води СЈО.

Дури и да се вистинити информациите што се изнесени, текстот е недолично напишан и нема никаква допирна точна со етиката во новинарството и со новинарските стандарди, кои во овој напис неколкупати се прекршени. Во Кодексот на новинарите  се вели:

1. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи.
Доколку информацијата не може да се потврди или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави.

13. Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот.

15. Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката.
Неспојлива со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

не може да се утврди

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

Не

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор, ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести