verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Текст за внатрепартиска кавга, без внатрепартиски извор!

on 31 - 10 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

kurir

[Рецензија: Кавга за место: Платениците на Сорос на листите на СДСМ – членството незадоволно]

 

Текст базиран на шпекулации, текст со квалификации, текст со задача што наликува на нарачка…. Имаме напис што се занимава со внатрепартиски процеси, ама без да извади ниту еден внатрепартиски извор.

„Партиските членови се разочарани од Зоран Заев бидејќи според нив платениците на Сорос, не само што земаат пари преку невладини организации, туку и ќе влезат во парламентот“.

1111Линк до оригиналниот напис: Кавга за место: Платениците на Сорос на листите на СДСМ – членството незадоволно

Датум и време на објавување: 29.10.2016,  15:35

Датум на рецензирање: 29.10.2016

Рецензент: Владимир Мирчески

 

„БРАНКОВИСТИТЕ“ КАКО СТРАШИЛО ЗА АКТУЕЛНИОТ СДСМ

Во веродостоен текст би требало да се наведе некоја изјава, макар и анонимна, да се назначи за кој дел од членството се мисли кога се вели дека се разочарани зашто токму на тоа членство в уста му се ставаат формулации од типот платеници, Сорос итн. За волја на вистината, понатаму во текстот се споменува одредена групација која, сепак, е премногу општа и многу често во вакви текстови се злоупотребува.

„Место на листите нема да има за таканаречените „бранковисти“, или пак нивното присуство на листите биде симболично и тоа поради стравот кој Заев го има од екс лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски“.

Произволна формулација со сомнителна заднина, а и вистинитост. Па, нели актулениот лидер и неговиот претходник заедно влегоа на последниот партиски конгрес? Прашањето е ако имало страв, дали тоа ќе се случело?! Значи, се пласираат тврдења кои до некаде се и контрадикторни.

„Фалинка“ е и очигледниот недостиг од извори информации, па се оди во крајност – објавување информации без тие да се проверат, односно класично шпекулирање.

„Веројатно место на листите на СДСМ ќе има и за Мухамед Зекири, Џељо Хоџиќ, Уранија Пировска, Марјан Забрчанец и Симона Спировски“.

Дали е прашан некој од споменатите? Не! Ова, пак, е поаказател за исклучително ниска новинарска ангажираност.

„Извесно е дека на партеничките листи на СДСМ ќе се најде Петар Богоевски, внук на осудениот за криминал Слободан Богоевски кој деновиве по налог на Заев има задача а шири лаги против ВМРО-ДПМНЕ“.

Сериозно обвинување „истурено“ низ коментар. Да кажете дека некој во нечие име шири лаги, а притоа да не изнесете аргумент, тогаш зборуваме за сериозен непрофесионализам.

Набројавме неколку примери каде без дилема имаме прекршувања на некои од стандардите на професијата наведени во Кодексот на новинари. Материјалот многу наликува на инструирано четиво за меѓупартиска пресметка, во која за строго одредени цели, се користат „духови од минатото“ како своевидни страшила за денешницата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести