verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Јавен повик за набавка на услуга: Веб-апликација за архивирање медиумски содржини

on 16 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

Фондацијата „Метаморфозис“ објавува јавен повик за набавка на услуга веб-апликација за архивирање медиумски содржини. Повикот е во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента „Сервис за проверка на факти од медиумите“, имплементирана од „Метаморфозис“. Проектот има цел да им овозможи на граѓаните на Македонија да бараат поголема отчетност од медиумите, како и да им помогне на новинарите во спроведувањето на нивните професионални стандарди, преку обезбедување интернет-алатки и ресурси за јавна едукација и за подигнување на јавната свест.

Целта на набавката е изработка на веб-апликацијата за архивирање содржини од медиумите што ќе овозможи зачувување на содржините од веб-страниците кои се селектирани од корисници и автоматски избрани веб-страници, како и нивна автоматска обработка.

Официјалната комуникација во врска со повикот може да биде на македонски или англиски јазик.

 

Документи за преземање Тип на документ
Целосниот повик за набавка .docx .odt
Упатство за понудувачите .docx .odt
Договор за набавка на услуги .docx .odt
Опис на услугата .docx .odt
Образец за техничка понуда .docx .odt
Образец за финансиска понуда .docx .odt
Евалуациона табела .docx .odt

Претплатете се за најнови вести