verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

И насловот треба да биде базиран на факти

on 17 - 07 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Тачи на тајна средба во Скопје со Движењето БЕСА]

 

Новинарот се вреднува врз база на фактите што ги нуди во текстот, а не со умешноста да привлече кликнувања за објавениот напис. Често ни се случува да читаме бомбастични наслови проследени со празна содржина, која со ниеден релевантен аргумент не го потврдува насловот.

shqipmediaЛинк до оригиналниот наслов: Тачи на тајна средба во Скопје со Движењето БЕСА

Датум и време на објавување: 07.07.2015

Датум на рецензија: 09. 07. 2015

Рецензент: Џенис Сулимани

Веста што ја рецензираме се базира на изворите на еден портал, чие име не се наведува, и се дава информација за можна средба на Мендух Тачи со Движењето „Беса“.

„Мендух Тачи и раководството на Движењето БЕСА се сретнале тајно во Скопје пред два дена„ пишува локалниот алтернативен портал на Движењето за реформи во ДПА: Спореди информациите, кои што, како што се вели, ги добиле тие, Тачи и раководството на БЕСА пред два дена се сретнале тајно во еден локал во Скопје. Во текстот се вели „ќе треба да имаме трпение уште неколку дена, до после празниците на Бајрам, за да се види дали ќе се реализира нешто од тоа што беше кажано погоре за тајната средба.“

Поаѓајќи од ова информација, која би била од интерес за јавноста, новинарите требало да направат напори за да ги потврдат информациите од сите можни извори, за да бидат сигурни дека информацијата е точна и непристрасна.

Ова е особено значајно имајќи го предвид фактот дека Движењето „Беса“ веќе одби една соработка со ДПА.

„Движењето „Беса„ ја смета за несериозна понудата за соработка од страна на лидерот на ДПА, Мендух  Тачи. Според Африм Гаши, предлогот на Тачи не е искрен, а евентуалната соработка со ДПА би му наштетило на движењето „Беса„ и на интересите на Албанците.“

Секако дека еден ваков став не ја исклучува можноста за средба помеѓу претставниците на партиите, дека тие можат да се сретнат и да имаат различни мислења, но, пред објавувањето на информациите, тие треба да се проверат од сите страни што се спомнуваат во написот.

 

(Од Сервисот за проверка на факти во медиумите на албански јазик)

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

не аплиактивно

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

издвоено од фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

не апликативно

нема контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести