verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Провидна игра со кибритчиња

on 17 - 07 - 2015       

Разочарани и исфрустрирани  членови на СДСМ преминуваат во ГРОМ-crop-resize

 

[Рецензија: СДСМ заминува во историја, членовите масовно преминуваат: разочарани и исфрустрирани, членови на СДСМ преминуваат во Гром!]

Медиумската кампања против опозицијата со месеци, главно, е насочена кон ликот и кон активностите на Зоран Заев, претседателот на СДСМ. Овој текст е еден од ретките исклучоци кои треба да говорат за целата партија, односно за падот на нејзината популарност. Овојпат се пишува за наводното масовно отчленување од партијата на „сината роза“ и нивно преминување во партијата на Стевчо Јакимовски. Тоа е текст во кој ниту еден доказ за такво тврдење од низата кои би ви паднала на ум не постои, но затоа постојат неколку обиди од типот на „шибицарите“ на Камениот мост, преку долгиот наслов и приложените фотографии, кои ставени една покрај друга, се некаква мимикрија за наведениот кусок на факти.

Разочарани и исфрустрирани  членови на СДСМ преминуваат во ГРОМЛинк до оригиналниот напис: СДСМ заминува во историја, членовите масовно преминуваат: разочарани и исфрустрирани, членови на СДСМ преминуваат во Гром!

Датум на објавување: 11.07.2015

Датум на рецензирање: 14.07.2015

Рецензент: Љубомир Костовски

„Разочараноста на членовите на СДСМ нема крај. Имено, голем број од нив одлучиле да се откажат од партијата и своето делување да го продолжат во Граѓанската опција за Македонија – ГРОМ! По повлекувањето на Заев во изолација и негово непојавување на јавна сцена веќе една недела, различните и секогаш променливи ставови на раководството на партијата, ретерирањето на професорот и потпретседател на СДСМ Ванчо Узунов, но и најавата дека веќе идната недела кампот пред Владата ќе се растури без постигнатата цел, членовите на СДСМ решиле своето политичко делување во ГРОМ.“

Цитатот е, секако, од оригиналот и од него се гледа дека текстот не е лекториран како што треба – на цитатот, на крајот фали цело парче од некаква реченица! Ова, секако, говори за брзината да се објави нешто што мора да излезе тој ден, белким, не можело да чека! Да не говориме, граматички и за насловот, онака како што е даден, кој повеќе сака да биде атрактивен отколку исправен! Имаме спој на наслов (недозволив и поднаслов со знак за навод, за што лектор, секако, би го фатила паника).

Но, да минеме на суштината. Една реченица од разочараноста на потпретседателот на СДСМ, Ванчо Узунов, во неговата саботна колумна во „Утрински“ (11 јули 2015 година) отвори простор за бројни шпекулации. Неговата разочараност од македонскиот народ, кој и по толку „бомби“ тешко ја надминува политичката поставеност во рововите, не може да биде замена за отсуството на каков било аргумент за она што се тврди во текстот – од насловот, па низ текстот. Ова, секако, ја објаснува брзината да се искористи таа реченица од Узунов од новинарот, па и патемните брзоплетости, ама не значи дека може да издржи каква било проверка на уверливоста. Значи, нема ниту една изјава од кого било дека сините книшки се фрлаат, ниту дека се земаат оние на ГРОМ, па ниту фотографии како некој воопшто се зачленува во ГРОМ, бидејќи, ако таков постои, во меѓувреме, во партијата на Стевчо Јакимовски веројатно би имало и „фешта“.

Има во текстот една изјава, наводно на самиот Стевчо Јакимовски, но оставена надвор од каков било контекст и без да има јасни назнаки дека е во врска со темата („во СДСМ нема веќе луѓе“), која може да се однесува на многу работи, да речеме дека во СДСМ нема луѓе со идеи, „вистински мажи“ како оние во ГРОМ, да речеме…

Посебна приказна е местенката со фотографиите – на една слика имаме неколку книшки на СДСМ, од што не може да се разбере ништо, а на друга фотографија го имаме логото на партијата ГРОМ. Каква е врската меѓу овие две фотографии? Таа е игра на асоцијации, а не некаков доказ. На пример, немаме како некој зел книшка на друга партија, се фотографирал под тоа лого или слично, манифестирал некаква волја? Ама поставени во некој сооднос, тие треба да прикажат, во недостиг од „живи документи“, дека ние, како читатели, сме измамени како некои минувачи на Камениот мост од „шибицарите“. Не го гледате топчето, ама мислите дека некаде се крие, дека е тука некаде. И тука не ја гледате врската, ама штом се двата симболи поставени еден покрај друга, мора да има некоја врска. Треба само да замислиме, да употребиме „имагинација“ дека некој ја фрлил едната партиска книшка и заминал под чадорот на друга партија, или барем стигнал до вратата на ГРОМ, односно до логото. Можеби во тој момент, внатре немало луѓе или човек или жива душа, ама разочараните „допливале“ на вистинското место.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

нема евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

не може да се утврди

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести