Фотографија која прави „од мравка – слон“
Објавено во Рецензии
on 14 - 12 - 2016 Автор: Силвана Жежова
[Рецензија: Пожар во училиштето „Ј.Х.Песталоци“]
Фотографијата која е во прилог на текстот насловен „Пожар во училиштето „Ј.Х. Песталоци“, не соодветствува со реалноста за настанот. Иако информацијата е дека е опожарена само покривната конструкција, фотографијата прикажува нешто сосема друго, како да гори целото училиште. Бидејќи се работи за чувствителна информација, секое искривување на вистината може да предизвика паника и вознемиреност кај граѓаните, односно родителите на децата кои учат во училиштето.
Линк до оригиналниот напис: Пожар во училиштето „Ј.Х.Песталоци“
Датум и време на објавување: 01.12.2016
Датум на рецензирање: 14.12.2016
Рецензент: Силвана Жежова
ПОГРЕШНА ФОТОГРАФИЈА
Според билтенот на МВР, настанот навистина се случил, ама во веста нема извор на информацијата, кој, сепак, треба да биде наведен. Инаку, оваа куса вест ги содржи другите потребни информации во однос на реакцијата на надлежните институции, како и она што најмногу ги интересира граѓаните – дека при овој пожар нема повредени.
„Вчера во 16.30 часот во Скопје во ОУ „Ј.Х.Песталоци“ избувнал пожар на кровната конструкција. По брзата интервенција на пожарникарите, пожарот е локализиран, а повредени нема. Опожарен бил само дел од кровната конструкција“.
Во текстот што е предмет на рецензија спорни се фотографијата и ненаведениот извор на информации. Кога се работи за чувствителна информација, фотографијата на текстот, сепак, треба да биде соодветно избрана за да соодветствува со реалноста. Во спротивно, ако некој не го прочита текстот, ќе добие впечаток дека училиштето „Песталоци“ изгорело, а не дека имало пожар само на покривната конструкција, кој веднаш бил локализиран.
Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).
ИНФОГРАФИК
ВИСТИНИТОСТ
има факти
не може да се утврди точноста на наводите
не може да се утврди веродостојноста на наводите
ИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ
нема евидентирани извори
СЕОПФАТНОСТ
несеопфатнo
можеби се прикриени информации
ПРИСТРАСНОСТ
не може да се утврди
нема извртување на вистина (спин)
не може да се утврди
не аплиактивно
КОМЕНТИРАЊЕ
нема коментаторски елементи
ПЛАГИЈАТ
оригинално дело
ненаведен автор
КВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ
информира
креативен
несензационален
соодветен
јасен
ФОТОГРАФИЈА
има
несоодветна
манипулира
ненаведен автор(извор)
ГОВОР НА ОМРАЗА
нема навредлив говор
нема говор на омраза
не потикнува на насилство
не дискриминира
УРЕДЕН ЗА ВЕБ
читлив
нема мултимедијални елементи
нема контекстуални линкови
стилски уреден
неповрзан со тагови