verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

„Фејсбук-аргументација“ за сериозни обвинувања!

on 14 - 12 - 2015       

Богдановиќ повикува на атентат врз Груевски_ I zurnal.ne_ - http___zurnal.net_ - 1

[Рецензија: Богдановиќ повикува на атентат врз Груевски?] 

 

Од авион се гледа дека овој текст е политички мотивиран. Во себе содржи обвинувања за кои нема сериозна аргументација, а дополнително презентира и документи со кои се нарушува приватноста на посочениот Саша Богдановиќ.

Богдановиќ повикува на атентат врз Груевски zurnal.netЛинкуван наслов на анализираниот напис: Богдановиќ повикува на атентат врз Груевски?

Датум и време на објавување: 06.12.2015

Датум на рецензирање: 13.12.2015

Рецензент: Ана Анастасовска

 

А ДА СЕ ПРАША БОГДАНОВИЌ?

„Најскапо платениот директор во Македонија, директорит на Паркинзи Центар, Саша Богдановиќ – Српче кој воедно е и претседател на Општинската Организација на СДСМ во општина Центар преку својот статус повикува на атентат на премиерот Никола Груевски.“

Воведот на текстот, што според авторот е и главна вест, звучи застрашувачки. Директорот на „Паркинзи – Центар“, Саша Богдановиќ, повикувал на атентат на премиерот Никола Груевски. Ова е сериозно обвинување, кое мора да биде поткрепено со цврсти факти и со докази, а во спротивно, новинарот може да претрпи правни и законски последици.

Логично е читателот да очекува одговор од каде на новинарот му е ваквото тврдење, односно врз основа на што го извлекол таквиот заклучок.

Богдановиќ го спомнал Гаврило Принцип на својот фејсбук-профил, објавил слика од него и новинарот заклучил дека тој повикува на атентат на премиерот Груевски.

„Во својот Фејсбук статус, Богдановиќ пишува: „И на нас ни треба принцип. Гаврило Принцип!!!“ Со што алудира на тоа дека треба да се најде некој јунак во СДСМ кој би извршил атентат врз премиерот со што би дал повод за почеток на војна.“

Авторот на текстот, пред да го изнесе ваквиот став и да го преточи во „факт“, требало убаво да го провери. Можел да му се јави на Богдановиќ и да го праша што мислел со таквиот статус. Ако, на пример, се потврдело мислењето на новинарот, тој е должен таквата информација да ја пријави до надлежните државни органи, бидејќи станува збор за сериозна работа, а не за обично политичко поентирање.

„Непознато е дали Богдановиќ ваквиот статус го напишал во депресија, поради фактот што не се јавил јунак во СДСМ, или пак се работи во афектна состојба во белградската кафана „Златна моруна” (според локацијата означена на Фејсбук статусот) која влезе во историјата како зборно место на младобосанските револуционери, или пак меланхолична состојба добиена во некоја од скопските кафани каде Српче веројатно ги троши народни пари (според сметките што ги објавивме, прочитај ТУКА)“

Ако е непознато, тогаш задача на новинарот е да дознае, па на читателот да му пренесе проверени информации, а не да прашува. Од кого авторот на овој текст очекува да добие одговор?

За тоа, пак, дали, каде и колку пари трошел Богдановиќ, новинарот можел да се потруди, да му се јави на телефон и да го праша, а не да нагласува дека „веројатно ги троши народните пари“.

Исто така, не постои добра основа ниту за тврдењето дека Богдановиќ е најскапо платениот директор. Прво, не е јасно за каде се мисли дека е најскапо платен директор, дали само во јавниот или и во приватниот сектор, дали само на подрачјето на Скопје или на територија на цела Македонија. Колку се платени другите директори? За да се тврди дека некој е најскапо платен, потребна е опсежна анализа – што во текстот ја нема.

Професионалното новинарство подразбира прецизни, проверени и точни информации. Сè друго е рекла-кажала.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

информира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести