verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Експерт за сè!

on 26 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

alfa

[Рецензија: Одложувањето на изборите не донесе ништо освен продлабочување на кризата во Македонија]

 

МНОЖИНА:

Форма кај менливите зборови што означува повеќе од едно лице, предмет или поим.

Оттука, еден „експерт“ не може да претставува  „експерти“, зашто од погоре наведеното произлегува дека таквото мешање на множина и на еднина не е во духот на македонскиот стандарден јазик. Тоа е само еден аспект од проблематичноста на текстот. Не помал недостаток е изборот на соговорникот што се квлаификува како експерт.

 1111Линк до оригиналниот напис: Одложувањето на изборите не донесе ништо освен продлабочување на кризата во Македонија

 Датум и време на објавување: 20.04.2016 17:35

 Датум на рецензирање: 25.04.2016

 Рецензент: Владимир Мирчески

 

 БЛИКА ОД ПРИСТРАСНОСТ

 Прва сервис-грешка:

  1. Ако се вели дека сте „набавиле“ мислења од експерти, тогаш тоа подразбира ставови на најмалку двајца, а не само на еден човек. Нејасно е дали бркањето множина и еднина е поради брзање да се испорача текстот ваков како што е или, пак, зашто не можеле да се пронајдат другите „дежурни експерти“ со веќе однапред одредена позиција кои можат да настапат за која било политичка, економска, а и геостратешка тема.

„Македонија не доби ништо со одложувањето на изборите од 24 април за на 5 јуни, само се продлабочи политичката и економската криза, а со тоа и безбедносната, сметаат експертите. Според нив…“

Ама, ваквата констатцијта, всушност не била „според нив“, туку  „според него“.

Втора сервис-грешка:

Побарано е мислење од личност која е „експерт за сè“, кога треба да се брани позицијата на владејачката партија. Ако не верувате, видете само дел од насловите на написите во кои тој е главен актер аналитичар:

Даштевски: Сите на избори на 5 јуни, нема да дозволиме украинско сценарио

Даштевски: Би имале марионетска Влада, доколку опозицијата дојде на власт

Даштевски: На власт се доаѓа исклучиво по пат на избори, не со сценарија како што сака опозицијата

Ваквите негови „анализи“ потоа, најверојатно му го отворија патот кон државна служба како тазе член на Комисијата за заштита од дискриминација. Значи, за каков „експерт“ ние зборуваме? Очигледно пристрасен, би рекле.

Можеби неговите анализи, во конкретниот случај, се коректни, ама тоа, сепак, е помалку веројатното сценарио, имајќи го предвид неговиот претходен партиски багаж и актуелната политичка афилијација.

Оттука јасно произлегува и третата сервис-грешка. Еден експерт, необјективен настап поради неговиот претходен „медиумско-политички“ ангажман и ете ја по автоматизам пристрасноста на целиот материјал.

Значи, вистинитоста е под знак прашалник зашто има само еден обоен извор на информации што, пак, резултира со штура содржина, а пристрасноста „блика“ од сите страни….

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

делумно

делумно

делумно

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

не информира

некреативен

несензационален

несоодветен

нејасен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

нема

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести