verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Белград не им верува на солзите на „контрашите“!

on 26 - 04 - 2016       

republika

[Рецензија: Српска агенција по налог на СДСМ ги штелува вестите од Македонија]

 

Дали негативниот ореол што го добива власта во западните медиуми претпоставува дека тие што ги организираат контрапротестите треба да се надеваат барем на внимание од соседните земји? Текстот кој е предмет на опсервација, жали што белградските медиуми не обрнале внимание на големиот контрапротест што во четвртокот (21 април) се одржа на неколку места во Скопје. Се бара „виновникот“ за таквиот однос и тој не се наоѓа ниту во „контрашките“ аргументи, кои можеби не привлекуваат внимание, ниту во фактот дека опсервираните српски медиуми можеби имале поинтересни теми, туку виновникот е најден во Зоран Заев, кој имал можност да ги „штелува вестите“ во соседството преку соодветна агенција!

Српска агенција по налог на СДСМ ги штелува вестите о_ - http___republika.mk_Линк до оригиналниот напис: Српска агенција по налог на СДСМ ги штелува вестите од Македонија

Датум и време на објавување: 22.04.2016 10:28

Датум на рецензирање: 25.04.2016

Рецензент: Љубомир Костовски

 

ПЕДАНТНА СТАТИСТИКА

„Сите српски медиуми вчера пренесуваа информации во корист на СДСМ – со манипулации, лаги и спинови. Во овие медиуми изостанаа вестите за најголемиот граѓански собир кој вчера се одржа во Македонија, а на кој присуствуваа над 60.000 лица. Во своето известување РТС посвети 90 проценти на 30 пати помалкубројните протестанти од Сорос, а за собирот на ГДОМ беше кажана само една реченица во насока на тоа дека се одржал без споменување на главното барање дека народот во Македонија бара одржување на избори. На ист начин информираа и српските Блиц, Нови магазин, српски Курир и уште 20 други медиуми.“

Најпрвин интересна е статистиката која барала прилично време за гледање емисии и за читање белградски медиуми за да се дојде до некои индикативни бројки. И по толку пребарување да се добие резултат кој со право ги разочарува оние кои очевидно не ја кријат својата негативна опсервација на „Шарената револуција“! Зошто таа методологија, ако веќе постојат ресурси за ваква опсежна опсервација, не е присутна во однос на другите медиумски центри, да речеме Берлин, Москва, Париз, Вашингтон…? Ова, за да се добие одговор, да речеме кој влијаел на германските медиуми, на пример, кои ја критикуваат без исклучок македонската власт и индиректно оние кои ја поддржуваат? Има ли и таму некаква агенција која му врши работа на Заев?

Ова, секако, е важно за да се сфати и белградскиот ракурс, ако некому му е особено битен и за да се сведе темата во написот на едноставно прашање: кој е тој македонски државјанин што може да им наложува на толкав број  медиуми да пишуваат според „нарачки“ на партија, на целата опозиција или на уште побројниот граѓански сектор и тоа во туѓа земја? Секако, токму педантната статистика  (тоа е навистина напорна работа) треба да биде таа која сама за себе е веќе јасен одговор – нема таква „сила“ и толку пари за „пеглање“ на впечатокот за она што се случува на скопските улици, туку се работи за вклопливост на медиумската сцена во една земја во еден општ впечаток за настаните во Скопје, кој е унисион и во регионот и во поголем дел од светот!

Агенцијата која се споменува кај нас го мери јавното мислење и тоа јавно го објавува. На слободните прес-конференции нема голема заинтересираност на медиумите, па и оние кои сега им доделуваат „голијатовски“ моќи. Текстот е неаргументиран и селективен во однос на можните извори за темата.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

не може да се утврди

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

ненаведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

неповрзан со тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести