verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Наместо пародија – перверзија

on 26 - 04 - 2016       
Овој напис го има и на: Албански

EXCLUSIVE

[Рецензија: Прес на СЈО за нов случај „Специјален секс“ – ВИДЕО]

 

Оваа објава е исклучително вулгарна, надвор од сите новинарски стандарди, дури не спаѓа ниту во послободните критички новинарски жанрови. Материјалот се темели на видеозапис кој претставува шовинистичка пародија, која ги минува границите на пристојност и има цел да ги исмее јавните обвинителки.

EXCLUSIVEЛинк до оригиналниот напис: Прес на СЈО за нов случај „Специјален секс“ – ВИДЕО

Датум и време на објавување: 21.04. 2016, 15:45

Датум на рецензирање: 25.04.2016

Рецензент: Димитар Тануров

 

ПРИМИТИВИЗАМ И НЕВКУС

„СЈО излезе денес на нов прес да го презентира најновиот случај кој го отворија. И овој назив тотално одговара на делото – СПЕЦИЈАЛЕН СЕКС. Проследете го видеото од пресот на јавните обвинителки и дознајте колку, каков и дали имаат секс нашите 3јавни специјални обвинителки. Скандалозно овој случај се води против нив 3те што е голем апсурд. Што мислите која има најмногу секс?“

Медиумската содржина што ја рецензираме е пласирана во категоријата „вести“, што само по себе подразбира дека на читателите треба им се понуди сериозна информација. Но, во конкретниот случај тоа не е така. Уште со самиот наслов  се навестува дека  објавата нема да биде поврзана со прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство. Ваквиот впечаток се потврдува со видеозаписот во кој се изнесени навредливи сексистички ставови, што е недозволиво според стандардите предвидени во  Кодексот на новинарите:

Новинарот нема свесно да создава ниту преработува информации што ги загрозуваат човековите права или слободи, нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа (национална, верска, расна, полова, социјална, јазична, сексуална ориентација, политичка…). (Член 10)

 

Новинарот ќе се придржува и на општо прифатените општествени стандарди на пристојност и почитување на етничките, културните и религиозните различности во Македонија. (Член 11)

Начинот на кој е обработен и пласиран овој материјал се коси и со принципите искажани во Прирачникот за етика во новинарството  (стр.21 -22), каде е прецизно  наведено дека:

  • Медиумот и новинарот не треба да објавуваат материјал (информација, слика, мислење, коментар) кој има цел да шири непријателство или омраза или ако постои голема веројатност дека објавениот материјал ќе предизвика непријателство или омраза спрема некого поради неговата раса, етничка припадност, пол, вера, политичка припадност, сексуална ориентација, физички недостаток итн.
  • Новинарот мора да биде свесен за последиците и за ефектите од неговите зборови, мора да внимава на нивниот избор и не смее да навредува или да исмејува. Професионалниот новинар никогаш нема да зборува за личности врз основа на стереотипи и на предрасуди за расата, полот, возраста, религијата, етничката припадност, сексуалната ориентација, телесниот недостаток, физичкиот изглед или социјалниот статус.
  • Јазикот на новинарите секогаш треба да биде одмерен и неутрален, наспроти оној што нуди готови заклучоци и судови и е, или се граничи со говорот на омраза. Секогаш треба да се избегнуваат фрази кои во себе носат шовинистички, сексистички или какви било други дискриминаторски конотации.

     

Дури и да е објавен во категоријата „забава“, според содржината текстот не е соодветен за објавување, особено зашто со него безобразно и невкусно се обидува да се дискредитираат обвинителките поради нивните персонални карактеристики.

Можеби, идејата на креаторите на ова дело била да се направи козерија, инспирирана од актуелниот настан (прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство) и сè поголемата популарност на СЈО ( особено на трите обвинителки). Меѓутоа,  „проблесокот“ е така стокмен  што тој е далеку од забавен и хумористичен. И, иако е наведено дека видеозаписот е испратен од читател, сепак тоа не ја намалува одговорноста за објавената содржина која претставува олицетворение на примитивизам и на невкус.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

анонимни

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

делумна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

полова дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

стилски неуреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести