verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Eдна будалеста и, за самиот медиум, деградирачка тема

on 12 - 11 - 2015       

skrinsot-plukacka-crop-resize

 

[Рецензија: Граѓаните на Куманово згрозени од срамниот гест на Шекеринска]

 

Овој текст докажува дека плукачкото новинарство во Република Македонија денес е исклучително витален, иако срамен „подвид“ на домашната журналистика. Написот не би ни заслужувал рецензија (со оглед дека не ги исполнува повеќето услови да биде наречен новинарски текст), но тој е пласиран како вест во низа, поткрепен со телевизиска анкета, па беше потребно да се одбележи дека и една вака будалеста и, за самиот медиум, деградирачка тема, може упорно да се развлекува како „баба питата“ само за да се исползува уште една шанса за јавно валкање на истакната личност од редовите на опозицијата.

Рецензија:Граѓаните збунети, читателите згрозениЛинк до оригиналниот напис: Граѓаните на Куманово згрозени од срамниот гест на Шекеринска

Датум и време на објавување: 05.11.2015 | 16:57

Датум на рецензирање: 9.11.2015

Рецензент: Југослава Дуковска

Обидот да биде продаден како текст што обработува вистина постои со самото тоа што тој се „покрива“ со анкета на граѓани низ кумановските улици, но се стекнува впечаток дека дел од анкетираните граѓани воопшто и не знаат што, всушност, се случило, па зборуваат за непочитување на делото на борците за слобода, потценување на денешните бранители на Македонија кои го дале својот живот, својата младост за оваа држава, за тоа дека не се почитувала историјата. Но, текстот се гради врз неточно тврдење дека Радмила Шекеринска го плукнала јадењето со кое била послужена и со тоа покажала непочитување на домаќините и на традицијата, оти била елитист, па секоја понатамошна негова анализа од аспект на вистинитост е непотребна. Можеби небитна за целата приказна, но особено трагикомична е последната реченица:

„Исто така Радмила Шекеринска располага и со вила на Маврово која ја криеше од јавноста“,

која, освен што е флагрантно неточна, го заокружува театарот на апсурдот во овој текст.

Извор на текстот е порталот „Курир“, од каде комплетно е преземен, сосе видеоснимката на која се гледа како се одвивала посетата на Радмила Шекеринска на боречката организација во Куманово, како и снимка од телевизиска анкета, каде неколкумина граѓани зборуваат за темата, без да биде наведено кој ја направил. Целиот текст се темели на првата видеоснимка, на која се гледа како Шекеринска влегува во просториите на Сојузот на борците, каде е пречекана на традиционален начин, со леб и со сол, и во текот на наредните минути таа го соџвакува залакот, седнува на масата за говорници од која, веројатно, требало да им се обрати на присутните, ја брише устата со шамивче, подготвувајќи се за настап. Иако никаде, всушност, не се гледа дека потпретседателката на СДСМ нешто воопшто плука, овој детаљ бил доволен таа да биде обвинета за некаков елитизам, на кој, според овој напис (и оној на кој тој се надоврзува) Шекеринска била склона.

„За тоа каков елитизам тера заменичката на Заев според медиумите најдобар доказ е нејзиниот одмор летово кој освен тоа што вредеше илјадници евра таа беше сликана на грчките острови како крстари со ултра скапа јахта која го носеше името на нејзината ќерка а пловеше под грчко знаме. Ова говори дека таа не ги разбира потребите на обичниот народ и само глуми пред камерите во обид да манипулира.“

Каква врска има марамчето на Радмила Шекеринска со нејзиниот летен одмор, тоа можеби го знае само авторот на текстов.

Овој напис тешко може да се анализира од аспект на содржајноста, бидејќи целата негова содржина е само сплет од измислици, дезинформации и од пренесени искази од граѓани кои биле анкетирани на темава. Иако се „бранат“ угледот и честа на бранителите, не е покажана доблест тие, како најзасегнати, да бидат прашани што мислат за „некултурата“ на Шекеринска. Ако се остави на страна можноста авторот да не ги знаел основните новинарски правила во кои спаѓа и тоа да се праша засегнатата страна, втората причина зошто нема изјава од борците е дека се работи за тенденциозно ширење невистини во овој текст.

Треба да се истакне дека во текстот „Граѓаните на Куманово згрозени од срамниот гест на Шеќеринска“, срамен е, пред сè, насловот, а потоа и невистините што следат подолу. Ниту неубедливата анкета ниту, божем, патемното спомнување на омилената дестинација на летување на Зоран Заев, ниту станот кој Шекеринска самата себеси си го издавала под кирија (многупати аргументирано демантирана невистина која и понатаму се експлоатира во провладини медиуми) не можат тој срам да го намалат. Токму спротивното.

Овој текст предизвикува зачуденост кај читателот, кој до крајот не може да поверува дека и еден обичен човечки гест, како што се, на пример, кашлање, чешање или, како во случајов, користење шамивче, може да биде искористен за таква лавина од бескрупулозни лични и нетемелени напади врз една јавна личност од редовите на опозицијата. Но, изгледа дека и тоа било можно…

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

неточни наводи

неверодостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

нерелевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

целосна невистина

извртување на вистина (спин)

лажни информации

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

несензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести