verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Мислењата не може да бидат топ вести

on 12 - 11 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

[Рецензија: Aџамиите од „Беса“ уште имаат за учење од ДУИ]

 

Медиумите имаат право да отворат разни рубрики, во кои можат да објавуват едиторијали, ставови, мислења за кој било феномен. Но, сите овие форми на пишување се разликуваат многу од веста и не се совпаѓаат една со друга.

Aktuale - axhamite e Beses kane cka te mesojne nga BDI

Линк до оригиналниот наслов: Aџамиите од „Беса“ уште имаат за учење од ДУИ

Датум и време на објавување: 05.11.2015

Датум на рецензија: 09.11.2015

Рецензент: Фатљуме Дервиши

Ова е текст преземен од друг портал или, поточно, како што авторот го цитирал изворот, „(Од рубриката контра-прес на порталот Шкупиекспрес)“. Порталот „Шкупиекспрес“ има една рубрика во која новинарите или администраторите ги изразуваат своите мислења или коментираат изјави за печат, било да се политички или од друг вид. Тоа е нивно право и не можеме да судиме за мислењата што ги изразуваат. Оваа рубрика не се вика „Вести“ и затоа од авторот не може да се побара да ги почитува правилата за пишување вести.

Авторот на оригиналниот напис, зел изјава од еден политички субјект, во овој случај од Движењето Беса, и ја оценил според неговото гледиште. Дотука сè е во ред.

Во конкретниот случај, грешката ја направил другиот медиум, кој го пренел текстот до својата читателска публика. Тука текстот е ставен во категоријата „Топ вест“, што подразбира дека се работи за многу вредна информација за јавноста. Да ги испитаме субјективните изрази што на оваа вест ѝ го одземаат правото да биде сметана за вест, а да не говориме за „топ вест“.

„Не само со ДУИ, туку Движењето „Беса“ нема да направи коалиција со ниту една друга албанска партија. Вака барем покажуваат почетните индикации кои што можат да се забелржат, а кои што се однесуваат на еден голем дефект кој што го има ова движење без политички компас.

Што се однесува до предвидувањата за ДУИ, тоа е магарешки сон на претставникот на „Беса“, бидејќи таква математика нема никогаш да се случи.

Само аџамиите на политичката незрелост даваат такви изјави, извадени од ракав.

Се гледа дека претставниците на „Беса“ не научиле доволно додека биле во ДУИ, затоа им советуваме да не се оддалечат многу од политичката школа на ДУИ, бидејќи само таа има идентитет и визија, додека патот што актуелно го следи „Беса“, не само што е обезглавен, туку тој е и конфузен и многу лизгав, и многу лесно може да заврши во некој амбис, од каде не ќе може никогаш да се врати.“

Оваа категоризација не е случајна и медиумот, можеби, се води од идејата дека текстовите што се ставени како „топ вест“ привлекуваат повеќе внимание. Но, еден ваков текст да се смета за вест е дезинформација и тенденциозност.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

не може да се утврди точноста на наводите

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

ироничен

некреативен

ироничен

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

илустрација

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

лого

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

има контекстуални линкови

делумно стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести