verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Читателите не ги засега за кого ќе гласаат или нема да гласаат членови на семејствата на министрите

on 31 - 08 - 2020       

Фото: Илустрација

Еден од најважните инструменти за демократијата се изборите, а едни од оние чинители кои го помагаат овој процес се несомнено вистинските новинари. Едно е јасно – во сите национални закони и меѓународни договори каде РСМ е потписник, стои дека гласањето е слободно, тајно и, пред сѐ, рефлексија на личните убедувања. Новинарите не смеат да се мешаат во ова право на граѓаните

Lajmi të cilin e recensojmë.
Скриншот од веста што ја прегледуваме

Линк до оригиналниот напис:  „Членови од семејството на Крешник Бектеши повикуваат да се поддржи Коалицијата Алеанца – Алтернатива“/ „Familjarët e Kreshnik Bekteshit bëjnë thirrje për përkrahje të Koalicionit Aleanca – Alternativa“

Датум и време на објавување: 08.07.2020

Датум на рецензија: 10.07.2020

Рецензира: Ардит Рамадани

Веста што ја разгледуваме е пример за тоа како новинар не треба да пишува вести за време на изборниот процес. Истиот искористил граѓанин, чиј глас или убедување апсолутно не се во јавен интерес, само за да се постигне одредена цел.

Авторот на оваа вест ги известува граѓаните дека член на семејството на министерот за економија од редовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ), ќе гласа за партија која не е иста со партијата на министерот.

„Сопругата на чичкото на Крешник Бектеши (брат на татко), преку статус објавен на социјалната мрежа Фејсбук, јавно побара поддршка за Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива“, стои во веста што ја разгледуваме.

Тој дури го искористил и името и презимето на ова граѓанка, која на својот профил и со своите пријатели на Фејсбук споделила статус, каде зборува за потребата од промени во земјата. Сепак, ве потсетуваме дека таа не е јавно лице или носител на јавна функција.

Што вели законот за ова?

Со Уставот на Република Македонија и позитивните закони во земјата, секое лице кое има 18 години или повеќе, се стекнува со право на избор и ова право е еднакво, општо и директно и се остварува со слободен избор и тајно гласање…

Значи, еден од главните принципи на ова право е дека гласањето е индивидуален избор на секое возрасно и способно лице и никој нема право да го лишува од истото право или да влијае на тоа.

Ниту еден закон не вели дека граѓаните се должни да гласаат за одредена партија само затоа што имате член од семејството во таа партија, напротив, доброто од демократијата е изборот и слободата да го сторите тоа.

Граѓаните може да живеат и без ова информација

За кого ќе гласа личност, која не е јавна личност, не е од јавен интерес, не им е важна на граѓаните, а новинарите треба да пишуваат вести кои се од јавен интерес.

„Новинарот има право за слободен пристап до сите извори на информации, што се од јавен интерес“, се објаснува во првиот член на ЕТИЧКИОТ КОДЕКС НА НОВИНАРИТЕ.

Во интерес на јавноста би било доколку некој член на семејство на министерот Бектеши би најавил дека ќе влијае на изборниот процес или дека, на пример, планира да го оштети избирачкото место за време на гласањето, но, не и нејзиниот статус на Фејсбук.

Да се ​​биде во семејство со политичар, освен што не ве прави автоматски член на таа политичка партија, со мали исклучоци, не ве прави важна личност или јавна личност.

Инаку, оваа техника на манипулација е позната и во прирачникот на КриТинк како лажна аналогија или кога новинарот има тенденција да поврзува две неповрзани работи, само за да постигне одредена цел. Во овој случај, тој се обидува да го претстави министерот во лошо светло, повикувајќи се на тоа дека „членовите на семејството не гласаат за него“.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести