verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Медиумите ако употребуваат нелегални снимки треба да ја имаат и „втората страна“

on 31 - 08 - 2020       
Фото: Pexels, автор Адриана Калво

Објавувањето на некои снимки, каде се вели дека наводно лидерот на СДСМ, Зоран Заев ги навредил Албанците, создадоа различни теории во медиумите, а потоа и во јавноста. Таков е и текстот што ќе го разгледаме, каде што се тврди дека по изјавите на Заев, „не останал капка крв албанска“ кај лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, кој е во коалиција со СДСМ

Пишува Фатбарда Цури

„ПО НАВРЕДИИТЕ ШТО ГИ НАПРАВИ ЗАЕВ ЗА АЛБАНЦИТЕ ДАЛИ ОСТАНА КАПКА АЛБАНСКА КРВ КАЈ БИЛАЛ КАСАМИ?“ – се вели во насловот на написот што го прегледуваме.

Тенденциозен и пропагандистички наслов. Ова е првиот впечаток што го добивате веднаш штом ќе го прочитате овој наслов. Но, ако го прочитаме и текстот и употребената реторика, ќе видиме дека покрај насловот и целиот текст е тенденциозен. Целиот текст е напишан со јазик на осудување, обвинувајќи го политичкиот лидер, но без никакви факти. Споменатите лидери, новинарот не ги вклучил во написот и затоа што нема став од истите. Ова е спротивно на новинарските начела.

„ИЗВЕСТУВАЊЕТО ЗА ПОЛИТИЧКИТЕ ПРОЦЕСИ, ОСОБЕНО ЗА ИЗБОРИТЕ, МОРА ДА БИДЕ НЕПРИСТРАСНО И ИЗБАЛАНСИРАНО. НОВИНАРОТ МОРА ДА ОБЕЗБЕДИ ПРОФЕСИОНАЛНА ДИСТАНЦа ОД ПОЛИТИЧКИТЕ СУБЈЕКТИ“, СЕ ВЕЛИ ВО КОДЕКСОТ НА ЕТИКА ЗА НОВИНАРИ.

Авторот, исто така, вели дека „Заев треба да им се извини на Албанците“, додека не појаснил дека изјавата не е за Албанците воопшто, туку за владејачката албанска партија ДУИ.

„ДУИ не вреди пет пари на пазарот за гласање. Ова е мојот став, ова беше мојот став и тогаш, од времето кога разговорот беше снимен и објавен денес. Имаше 20 пратеници и имаше намалување на 10 пратеници, на овие избори ќе има уште помалку“, изјави неколку пати претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Обвиненијата против Заев се направени врз материјали што се снимени пред 5 години и кои претставуваат кривично дело, бидејќи се незаконски прислушувања. Незаконското прислушување е вклучено во член 151 од Кривичниот законик. Доколку лицето што го снимаме не е известено дека го снимаме и дека снимената изјава ќе ја испратиме на трето лице, во овој случај на јавноста, тогаш и медиумот што го објавува, прави кривично дело.

Сепак, не смееме да заборавиме „дека ако темата за што се зборува има јавен интерес, тогаш медиумите можат да го објават прислушуваниот материјал“.

 „Новинарот ќе ја почитува приватноста на лицето, освен кога тоа е во спротивност со јавниот интерес. „Новинарот е должен да ги почитува болката и страдањето на лицето“, се вели во Кодексот на етика на новинарите.

Во нашиот случај, она што Заев го кажа за Албанците не е од јавен интерес, затоа што претставува само негов став кон политичката партија, а не и кон Албанците. Од друга страна, дури и ако Заев рече „дека Албанците вредат 5 пари“, сепак не можеме да кажеме дека тоа се однесува на јавен интерес. Јавен интерес е секоја информација што докажува дека некој ги прекршил законот и уставот со цел да им наштети на граѓаните. Дека „бомбите“ повеќе не можат да бидат јавен интерес покажува и фактот дека тие повеќе не можат да се користат како материјален доказ, освен во случаите од поранешното СЈО кои се во тек во Судот.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Претплатете се за најнови вести