verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Внимавајте – непрофесионални портали манипулираат со написи од други медиуми!

on 27 - 08 - 2020       
Фото: Pexels

Сосема е дозволено новинарот да зема вести или информации од други медиуми со цитирање, т.е. повикување на изворот на веста. Но, во никој случај не е коректно веста добиена од еден медиум да биде искривена, злоупотребена и изменета со повикување на авторитетот на медиумот што ја објавил оригиналната вест

Пишува Ардит Рамадани

Во вакви случаи на преземени вести, исклучително е важно прво да го цитирате вистинскиот извор на веста, во првиот пасус од веста, а во онлајн медиумите дополнително треба да се стави „хиперлинк“, за читателот да може да го види оригиналот.

Второ, се додека е земен од медиум и се користи името на овој вториот, веста мора да се пренесе како што е, без да се менува и без да се додаваат други информации (освен ако тоа не е наведено во веста) или пак да се искриви.

Фактите и информациите напишани од авторот на оригиналната вест, авторот кој ја презема веста „копи-пејст“, не смее да ги менува фактите и да претстави друг материјал, замислен, како вистинит, а со тоа да ја насочи јавноста во погрешна насока.

Примери како медиуми во РСМ манипулираат

Во веста што ја земал порталот „Арена“ од насловот до крајот, тој манипулира со читателите, и тоа повикувајќи се на телевизијата Алсат М. Авторот на оваа „вест“ тврди дека Алсат М објавил дека „Америка ја поддржува коалицијата АА-ААА“, тоа не е точно.

„АЛСАТ: ДОАЃА АМЕРИКАНСАКАТА ПОДДРШКА ЗА КОАЛИЦИЈАТА АА-АА“ – се вели во насловот на веста која ја разгледавме

Ако се посвети внимание на насловот на оваа вест, авторот со големи букви и целосно го ставил фактот дека овие информации ги кажува телевизија со национална концесија, со што манипулира со читателите, сугерирајќи дека оваа вест е вистинита.

Во меѓувреме, новинарот на Алсат М не кажал такво нешто, туку само го објавил соопштението на Алијансата за Албанците и „Алтернатива“, кога тие соопштија дека поранешен американски конгресмен ја поддржува коалицијата под мотото „Сега е време“.

Речиси истото се случи со искривување на веста на „Гласот на Америка“ од порталот „Тетова Сот“, а потоа земен од голем број медиуми во РСМ. Во оваа вест, тој ја искривил веста на репортерот на „Гласот на Америка“.

„Гласот на Америка„: Албанската опозиција без програма, се занимава само со соборувањето на ДУИ“ – се вели во насловот на веста на која се повикуваме.

Во ниту еден момент во првобитната вест каде што авторот е новинар на Гласот на Америка, не се вели дека албанската опозиција нема програма, а притоа само се споменува фактот дека вторите се повеќе насочени кон реториката за соборување на Демократската унија за интеграција од власта.

За разлика од претходната вест, во овој случај новинарот на „Тетово Сот“ манипулирал само со насловот на веста, додека внатре веста се пренесува правилно, исто како и во оригиналот.

Зошто се случува ова?

Со оглед на тоа што Северна Македонија во моментот е во процес на предизборна кампања и само неколку дена пред предвремените парламентарни избори, читателите имаат тенденција да им веруваат само на веродостојните медиуми и да ги заобиколат оние што се познати по политички пристрасност и емитуваат лажни вести.

Затоа, свесни за овој факт, авторите на медиумите кои не се веродостојни за масата, ги користат имињата на веродостојните медиуми, со цел да им овозможат на читателите да знаат дека не го кажуваат тоа, туку некој веродостоен.

Оваа техника на манипулација од нечесни новинари е добро позната и во прирачникот Критинк и е опишана како „Повикување на авторитет“ или „Аргумент од авторитет“.

Според Кодексот за етика за новинарите во Македонија, „основна должност на новинарите е да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да бидат информирани, во согласност со член 16 од Уставот на Република Македонија“.

Горенаведените манипулации се неприфатливи, затоа што медиумите мора да бидат точни и искрени, коректни и за читателите и за нивните колеги. Медиумското известување особено за политички теми во предизборниот период треба да ги рефлектира релевантните факти, а не желбите на новинарот кој е политички пристрасен и ја злоупотребува новинарската професија за други придобивки.

За читателите:

Во случаи кога ќе видите дека медиум уште во насловот му дава многу значење на фактот кој ја напишал веста, а не на самата информација, потврдете ја истата со кликнување на официјалните страници на веродостојни медиуми на кои се повикува авторот. Само затоа што во насловот се споменува името на кредибилен медиум, во никој случај не значи дека веста е вистинита.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Претплатете се за најнови вести