verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Не треба да се верува на медиумите чии автори не се јавни

on 20 - 08 - 2020       
Фото: Илустрација

Светот на медиумите се промени многу со појавувањето на онлајн медиумите и продолжува да се менува секој ден сè повеќе и повеќе. Интернетот зазема се повеќе и повеќе важен дел од нашите активности, на нашите лични и професионални животи, кои сè повеќе минуваат низ екранот отколку преку хартија

Пишува: Наиле Даути 

Медиумите се во ерата на самоизменување. Весниците користат видеа, телевизиите пишуваат статии на интернет, радијата користат слики на своите страници, така што секоја гази на друг терен. Проширувањето на бесплатни информации, предноста на интернетот што секој што се чувствува способен да стане новинар може да се занимава, исто така, донесоа и  потешкотии. И покрај постојаните повици на здруженијата на новинари за саморегулација на онлајн медиумите и почитување на новинарските принципи, кршењето на истите не се намалува.

Недостигот на авторство во статиите на онлајн медиумите

Размножувањето на онлајн медиумите и технолошкиот развој сè повеќе доведува до новинарство без хиерархија, кое мора да има една институција за да функционира добро. Ова значи дека секој ден се повеќе и повеќе има медиуми кои немаат уредници и редакции, кои работат само со едно лице. Ова се предизвици и во нивна основа тоа се етички проблеми на денешницата, можеби многу поизразени за во иднината. Во Северна Македонија имаме многу портали, кои, очигледно, немаат ниту редакција, ниту новинари. Речиси секоја објавена статија го нема името и презимето на авторот на статијата.

Дури и ако сакате да знаете кои се основачите или новинарите на тие портали, нема да најдете никакви информации. Ова прашање честопати се покрена како проблем на онлајн медиумите од здруженија на новинари како ЗНМ, СЕММ и ССНМ и истите бараат да се почитува транспарентноста на сопственоста – објавување на импресумот, контакт и адреса на медиумите, прифаќање и почитување на Етичкиот кодекс на новинари, регистрација на правно лице во Македонија. Често пати во овие написи ништо не се пишува за авторот или наместо вистинското име на авторот, само името на порталот е напишано или само е објавено од администраторот на страницата (by admin).

Пример 1
Пример 2

Еве и други премери што ги издвоивме за овој текст:

RMV, shtatë personat janë negativ në testin për koronën, nga Tetova, Kumanova, Kërçova dhe Ohri (pa autor) РСМ, седумте лица се негативни на тестот за коронавирус, од Тетово, Куманово, Кичево и Охрид (без автор)

Dy gra shtatzënë nga Dibra dërgohen në Qendrën Infektive në Shkup – testohen për koronavirus (pa autor) Две бремени жени од Дебар се праќаат во Инфективниот центар во Скопје – се тестираат за коронавирус (без автор)

Butel, ekip mobil për furnizim me barëra dhe ushqime të moshuarit dhe personat me sëmundje kronike (pa autor) Бутел, мобилна екипа за снабдување со лекови и намирници за старите лица и лицата со хронични заболувања (без автор)

Virusi Korona, formohet shtab i krizës që do të udhëhiqet nga Spasovski (pa autor) Коронавирусот, се формира кризен штаб предводен од Спасовски (без автор)

Во некои медиуми можете да го најдете Импресумот, но не и податоците што мора да ги содржи импресумот, така што барем читателите да веруваат дека ваквите редакции не се само фиктивни или подземни, туку и реални.

Како што се бара во член 11 од Кодексот на етика за новинарите, цитатите не можат да се користат без одобрение од изворот или авторот, но бидејќи авторот на текстот речиси секогаш фали во вакви медиуми, тогаш немате како да го цитирате.

„Плагијатот е неприфатлив. Цитатите не смеат да се користат без одобрение од изворот или авторот. “, се наведува во еден од членовите на Кодексот на новинарите

Пониска транспарентност, помала доверба

Ваквата нетранспарентност покажува многу за сериозноста на медиумите. Најверојатно, причините што довеле до оваа нетранспарентност може да бидат неколку: недостатокот на финансиски средства за новинари или ниската економска можност да имаат посебно место како редакција, анонимноста за некои е сигурност, мислат дека анонимноста ги брани кога критикуваат за која било партија, идеологија, феномен или што било друго што се случува во општеството или затоа што сакаат да прават новинарство на брз начин, но ова потоа прави забуна во дефиницијата на медиум и дистинкцијата меѓу професионалните новинари и неновинарите.

Со тоа се остава дамка на медиумскиот простор кој треба да биде професионален. Овој начин на дејствување ја зголемува недовербата на јавноста во медиумите, со причина. Јавноста веќе добро го гледа недостигот на сериозноста на ексклузивностите, а понекогаш и на „експертизите“, кои се речиси насекаде и со очајна осиромашеност на информациите.

Здруженијата охрабруваат за професионализам и транспарентност

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика на медиумите во Македонија (СЕММ), во декември минатата година го претставија Регистарот на професионални онлајн медиуми, кој се состои од скоро 70 портали. Овој регистар има за цел да ги охрабри онлајн медиумите да ги почитуваат професионалните и етичките стандарди.

Како што изјави Катерина Синадиновска, претседателка на Управниот совет на СЕММ, ќе се следи работата на онлајн медиумите, вклучително и оние кои се дел од регистарот, а доколку во одреден момент се докаже дека тие се откажале од усогласеноста со Етичкиот кодекс, тие ќе бидат отстранети од регистарот додека оние медиуми кои во моментот не се дел од регистарот, доколку се докаже дека овој процес им помогнал да се подобрат и да работат според стандардите на професијата, ќе имаат можност да бидат прифатени во подоцнежни фази.

Засновајќи се на фактот дека предметниот регистар има за цел да ја подигне свеста медиумите да бидат професионални во својата работа и довербата на јавноста кон медиумите, може да се постави прашањето за транспарентност на импресумот, што очигледно ваквите медиуми го отстраниле од списокот на приоритети.

За читателите

Во Северна Македонија интернетот е широко користен од населението. Според специјализираната статистичка веб-страница “Internet World Stats „ кај нас 1.583.315 лица или 75,9 проценти од населението користат Интернет, додека еден милион (48 проценти) се поврзани со социјалната мрежа Фејсбук. Овој факт, онлајн медиумите треба да го гледаат како голем приоритет во нивен интерес и да придонесат за едукација на општеството. Читателите да го свртат погледот кон медиумите, чија вредност лежи во селекцијата, филтрирањето на информациите и во довербата.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести