verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За фурнаџиските аргументи во новинарството

on 11 - 04 - 2015       

04092015-Vecer-Jasnovidci-crop-resize

 

[Рецензија: Зоран Заев е “фурнаџиска лопата”!]

 

Познати се искуствата во новинарството, особено во она политичкото, кога медиумските содржини се употребуваат за да извалкаат некои политичари. Во таквите текстови тоа се прави според принципот ad hominem, а на според ad argumentum. Односно, не се битни аргументите на некој што застапува одредени полититки или политички ставови и затоа медиумскиот фокус треба да биде насочен кон обезвреднување на неговата личност.

Ајде да видиме дали медиумската содржина што е предмет на рецензија тука, има допирни точки со ваквото новинарство.

Текстот што го рецензираме тргнал од тоа да се формира од мислења. Избрани се двајца „паранормалци“, односно личности што имаат одредени паранормални способности, ама и одредени политички склоности, бидејќи мислењата што ги искажуваат немаат ништо со натприродното, а многу со политичкото.

04092015-Vecer-JasnovidciЛинк до оригиналниот напис: Зоран Заев е “фурнаџиска лопата”!

Датум и време на објавување: 05.042015, 15:44

Датум на рецензирање: 10.04.2015

Рецензент: Зоран Бојаровски

Тоа нè враќа на почетните реченици од оваа рецензија, бидејќи по читањето на оваа медиумска содржина станува очигледна неизбаланираноста на политичките застапувања на двајцата даватели на мислења.

Оттаму, сосема очигледна е намерата и на авторите на овој текст и на давателите на милења да се обезвредни личноста на лидерот на опозицијата. Да се обезвредни некој или нешто, со помош на некој што застапува безвредност, нереалност, невистинитост или паранормалност, не е тешко бидејќи лесно е да се искаже мислење без аргументи.

За мислењата еднаш напишавме („Нема само една вистина, нема една Македонија“) дека:

„Како и да е, од новинарите се очекува да имаат јасни и професионално соодветни правила за тоа како објавуваат факти и мислења и на кој начин на публиката ќе ѝ стават до знаење што е што. Зашто, од поголемиот дел од медиумската публика не можеме да очекуваме да бидат медиумски писмени за секогаш да разликуваат факти од мислења. Професионалното новинарство со озборувања се занимава само тогаш кога известува за нив со единствена цел – да ги разобличи.“

Се разбира, намерата на текстот што го рецензираме не била да разобличи, туку да афирмира лично мислење, кое, се разбира, никако не е базирано на факти, туку на одредени способности кои им се познати и докажливи само на тие што ги застапуваат. Никакво рационално, ниту искуствено знаење не може да ги потврди тие способности. А, политиката, иако понекогаш има мистериозни пројави, никогаш не е – мистична.

Текст е заснован само на мислење, а мислењата можат да имаат сопственици, ама не мора да имаат вистинитост. Затоа, имаме инфлација од мислења и затоа новинарите треба да изострат уште една вештина – како да препознаат некој кој може да искаже релевантно мислење.

Зошто е тоа битно? Затоа што во ситуација кога е неопходно да се биде промислен, разумен, претпазлив, умерен…, овој тип мислења само ги продлабочуваат конфузиите, фрустрациите и стравовите. Освен тоа, како да се објасни мислење кое зборува за поделби и за предавници, а самото тоа ги продлабочува тие поделби и повикува на пресметка со „предавниците“. Контрадикторно е тоа.

Да не зборуваме за одговорноста на медиумите кои треба да го афиримираат и застапуваат јавниот интерес, а не партискиот… Медиумските работници, се разбира, не мора да бидат едномислечки и можат да застапуваат одредени политички опции, но дури и тогаш не можат да ја заменат професионалноста со проблематични етички постапки. Или, пак, да ја продаваат таблоидизацијата и тривијализацијата како замена за професионалноста. Во лекцијата „Таблоидизација: ММЕ кој прв почна?“ напишавме:

„Главната критика во дебатата против таблоидизацијата е, пак, дека новинарството што го поддржува овој процес е привлечено од мирисот на сензационализам и на персонализација, односно од провокацијата на шокантните содржини и постапки кои многу често ја преминуваат линијата на приватноста. Новата мантра на таблоидизацијата на медиумските содржини е: земи сѐ што е тривијално и направи го да изгледа сериозно и од интерес за публиката.“

За да бидеме докрај илустративни во аргумените на оваа рецензија, дозволете да симулираме една ситуација: Замислете, само замислете, дека некој ја оценува вашата работа и ви вели: „Како може некој уредник фурнаџиска лопата, во медиум фурнаџиска лопата, да побара од новинар фурнаџиска лопата, да напише текст во кој ќе побара од фурнаџиски експерти фурнаџиско мислење за да нарече некого дека е фурнаџиска лопата?“

Дали можете да замислите некој да ви рече вакво нешто. Не е убаво, нели? Зашто тоа би било мислење засновано на фурнаџиски факти, а не на вистина.

*

А второт на оваа рецензија нагласува дека употребата на зборот „фурнаџија“ во оваа рецензија не треба да се доведе во врска со чесната професија и со луѓето што се занимаваат со неа. Во овој текст зборот „фурнаџија“ и сите изведенки од него, се земени со истото значење што на тој збор му го имаат дадено давателите на мислења во текстот што го рецензираме, а авторот и утедникот ги пренеле во медиумот.


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

нема факти

Нема факти

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

неофицијални

нерелевантни

2 извори

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

оригинално дело

наведен автор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

навредлив говор

говор на омраза

не потикнува на насилство

дискриминира

политичка дискриминација

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

средно читлив

солидни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести