verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

За Велигден нема абортуси, ама затоа има отворена сезона за лов на наивни читатели

on 11 - 04 - 2015       
Овој напис го има и на: Албански

22222-09876-098-crop-resize

 

[Рецензија: За Велигден гинеколозите нема да вршат абортуси]

 

Сензационализам на „кило“. Накусо тоа би било сижето за овој текст, кој себеси најмногу се продава со насловот. Искористена е реална ситуација, апсолутно не домашна, на која со несоодветната насловна конструкција, од аспект на локација, ѝ е дадена сосема поинаква конотација. Примарната заблуда, иако не единствена, е дека настанот е во Романија, а не можеби во Македонија, како што на прв поглед би се помислило.

22222Линк до оригиналниот напис: За Велигден гинеколозите нема да вршат абортуси

Датум и време на објавување: 07.04.2015, 23:40

Датум на рецензирање: 09.04.2015

Рецензент: Владимир Мирчески

 

СПИН-НАСЛОВ И ДОМАШНА ФОТОГРАФИЈА ЗА ВСУШНОСТ РОМАНСКА СИТУАЦИЈА

 Овој медиумски пакет во целост има еден единствен проблем, а тоа е насловот. Но, ако некој би помислил дека само поради таа забелешка написот не би требал да биде предмет на рецензија, ќе му го докажеме спротивното. Во новинарството насловната конструкција се разбира како „етикетата“ која го продава производот. Колку што добра „етикета“ може полесно да протне не толку добар производ кај публиката, толку лоша „етикета“ може да зафркне коректен текст. Во конкретниот случај го имаме второто. Очигледно е извртувањето на реалната ситација во овој наслов зашто се заблежуваат два момента: првиот, дека не е лоцирана случката што ја доведува јавноста во заблуда дека можеби е состојба во домашното здравство и вториот дека наведената формулација не е до крај вистинита. Да тргнеме со ред – настанот се случува во Романија, што подолу во текстот и јасно се кажува, ама, претпоставувам, ако истото било прецизирано и во насловот, тогаш не би „повлекло“ многу кликнувања. Дополнително, реченицата е така „склепана“ што навестува дека сите „гинеколози за Велигден нема да вршат абортуси“, што апсолутно не е точно, бидејќи станува збор само за група од 30 лекари од болница во Темишвар кои, од религиозни причини, поради големиот христијански празник, решиле да не прават абортуси во деновите на празнувањето.

 

ОТВОРЕНА СЕЗОНА ЗА ЛОВ НА НАИВНИ ЧИТАТЕЛИ?!

Значи „двојна финта“ се пласира преку насловот – ем се случува во Романија, ем не се сите доктори. Тргнувајќи од себе како читател, сигурно дека многу повеќе би ме заинтересирала информацијата дека за Велигден абортуси ќе нема во Македонија, отколку веста дека тоа се случува во Романија. Тука е и играта – „бутни“ за око привлечна насловна конструкција и брои „кликови“ за презентација пред комерцијалните, ама и државните огласувачи. Повеќе „кликови“ можеби носат појаки спонзорства, ама не секогаш и кредибилно новинарство. Токму тоа се случува во конкретниот материјал. Насловче од кое и таблоид би побегнал, илустрирано со „фотка“ од домашна владина антиабортус-кампања и, џанам, ете коректен напис. Не!!! Имаме текст – манипулација и тоа треба да се каже. Дополнително, не треба да се заборави да се спомне дека во земјава веќе се создава лоша историја на злоупотреби на наслови само, по која било цена, да се стигне до повеќе публика, нешто како „отворена сезона за лов на наивни читатели“. Веста во целост е преземена, ама не и насловот, кој во оригиналот, секако, е коректен.

За примери што треба да содржи и како треба да изгледа еден наслов повторно ги наведуваме „Ројтерс“ (Reuters) и „Колумбија џурнализам скул“ (Columbia Journalism School):

„Насловите треба да бидат остри и информативни. Користете куси зборови и активни глаголи. Подобро е да се пренесе една идеа чисто и јасно, отколку две да се спојат на чуден начин. Често, географската локација е неопходна;

Насловите мора да бидат точни, лесно разбирливи, привлечни и да одговараат на содржината на текстот.“

Е па, ајде сега споредете што туку-така ни се „продавало“, а што, всушност, требало да ни се пренесе.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

веродостојни наводи

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

повеќе извори

повеќестрани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

сеопфатнo

да, во насловната конструкција

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

делумно прикажува вистина

да, во насловната конструкција

неточни информации се пласираат во насловот

балансираност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

нема коментаторски елементи

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

целосна копија (агенциска вест)

наведен извор без линк

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

несоодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

несоодветна

манипулира

ненаведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

неквалитетни мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

делумно стилски уреден

неповрзан со тагови

Претплатете се за најнови вести