verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Веста за таблата на МВР во Шуто Оризари е лажна

on 25 - 02 - 2020       

Линк до оригиналниот напис: На официјалната табла на МВР во Шуто Оризари таблата е на три јазици, но натпис на македонски НЕМА (ФОТО) – Напомена: текстот е отстранет од сајтот
Датум и време на објавување: 20 февруари 2020, 12:03
Датум на рецензирање: 22 февруари 2020
Рецензент: Мирослава Бурнс
Насловот на текстот објавен на порталот Сигнал.мк, известува за наводна злоупотреба на Законот за употреба на јазиците, односно информира дека државна институција, Министерството за внатрешни работи, не го почитува тој закон. Во Законот за употреба на јазиците е пропишано дека на целата територија на Република Македонија службен јазик е македонскиот јазик и неговото кирилско писмо. Но, од насловот на текстот, придружен со фотографија на која навистина се гледа напис на ромски, албански и на англиски јазик, се добива впечаток дека македонскиот јазик воопшто не е употребен на таблата. Тоа децидно го наведува и насловот.
Станува збор за лажна вест и во неа е искористена манипулативна техника со фотографијата од таблата која е прикажана само до половина, а делот од неа каде генералиите од Министерството за внатрешни работи се испишани на македонски јазик, не се гледа.
На целосната фотографија пак, каде што се гледа целата табла, се забележува дека таа е испишана на четири јазици, македонски, ромски, албански и англиски.
Веста е набрзо отстранета од порталот Сигнал.мк, но нејзиниот наслов сè уште може да се пронајде во пребарувачот Гугл, односно постои трага за нејзиното постоење.
Лесно е проверливо како изгледа таблата на МВР во Шуто Оризари и тоа е основна новинарска должност – непотпирање врз фотографии испратени до или добиени од страна на медиумот, туку кога е можно, проверка на терен во вистинитоста на информацијата. Тоа не е направено и јавноста е дезинформирана.
Особено кога станува збор за сензитивни теми, кои можат да разгорат меѓуетнички тензии, потребно е внимателно и прецизно информирање, контактирање на повеќе инволвирани страни, на пример, во случајов земање изјави од Секторот за односи со јавност и медиуми при МВР. Доколку новинарот го направел тоа, веднаш би добил информација дека таблата е легитимно и законски изработена. На ваков начин, се нанесува штета по јавниот интерес и се загрозува правото на граѓаните точно да бидат информирани. За ова алармираа и граѓански здруженија.
Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Претплатете се за најнови вести