verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Во близина на Крстот во Водно, не се очекува да биде изградена муслиманската полумесечина

on 25 - 02 - 2020       

Во време кога социјалните мрежи се дел од секојдневниот живот на секоја индивидуа која има можност да ги сподели своите мислења, се повеќе некои онлајн медиуми пренесуваат објава на Фејсбук, на пример и тоа многу лесно станува референтна точка за пишување текст, што нема никаква вредност и наменет само за собирање кликања. Таков е текстот што го разгледуваме

Фотографија од веста што ја разгледуваме

Линк до оригиналниот напис: „До крстот во Водно се очекува да се изгради и муслиманската полумесечина со истата големина“   Pranë kryqit në Vodno pritet të ndërtohet edhe gjysëmhëna e muslimanëve me të njejtën madhësi

Датум на објавување: 26.12.2019

Датум на рецензија: 17.01.2020

Рецензира: Ајнур Бафќари

Понекогаш, авторите на текстовите што се сервираат како „информации“ не прават опис на она што го објавуваат. Тие се задоволуваат со целосната публикација што ја виделе на Фејсбук и единствената работа што ја прават е да стават „соодветен“ наслов што би служел како мамка за кликања. Авторот на текстот што го разгледуваме, има напишано само една реченица со парафразирање и во истата реченица дал личен коментар. Остатокот од текстот е само статус на Фејсбук и ништо повеќе. Во овој текст се гледа дека и самиот автор сака да верува во содржината на објавата на Фејсбук, за што се решил да направи „вест“.

„Ерблин Брахими на својата социјална мрежа ја дава добрата вест со тоа што пишува:
Во близина на Крстот во Водно, ќе биде изградена Полумесечина со иста големина, со исто осветлување – ова го симболизира и ќе ја симболизира меѓуверската толеранција која постои со векови и ќе постои до крајот на светот!“– се вели во текстот.

Во насловот, завршена работа, во текстот – ништо!

Авторот се осврнал на објавување на личност кој не е ниту носител на некаква јавна функција. Додека во насловот е прикажано како Полумесечината е веќе завршена работа, во текстот нема факт или релевантен извор на информација. Текстот содржи елементи на коментари, а фотографијата е наменета за манипулација.

Концепт на манипулација „Повикување на емоции“

Со оглед на многубројните реакции откако беше поставен Крстот во Скопје, поставувањето на полумесечината исто така ќе предизвика многу реакции, а авторот преку овој концепт на манипулација се базирал на убедување, наместо на факти, за да предизвика емоции, во овој случај кај читателите на текстот. Сите овие техники на манипулација се опишани во прирачникот КриТинк.

Не дозволувајте двапати да ве измамат

Читатели, секој од вас може да има профил кој ви овозможува да гледате повеќе објави на пријателите што ги имате или јавни објавувања достапни за вас, и покрај фактот дека наведениот корисник не е во списокот на вашите пријатели.

Зошто би требало да прочитате статус на Фејсбук во рубрика вести на мрежна платформа на сајтот кој во меѓувреме ја избришал веста?! Затоа ако видите дека недостасуваат основните елементи на новинарската статија, би било добро да престанете да читате, бидејќи во игра е ставена вашата интелигенција.

Овој напис е преземен од проектот “Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк“, кој е спроведуван од Фондацијата „Метаморфозис“ и ЕВРОТИНК. Проектот е финансиран од Европската Унија. Ставовите и мислењата изнесени во овој напис не секогаш ги одразуваат оние на ЕУ. Написите од „Критинк“ се слободни за преземање со наведување на изворот и без измени и кратења.

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Претплатете се за најнови вести