verifikimiifakteve.mksitemap
verifikimiifakteve.mksitemap

Тенденциозни клевети за анкетата на ТВ „Телма“

on 7 - 12 - 2016       

netpres

[Рецензија: Нелогичности кои покажуваат дека анкетата на „Телма“ е тежок фалсификат]

 

Текстот што го рецензираме не нуди докази за обвинувањето дека анкетата на „Телма“ за рејтингот на партиите пред изборите е „тежок фалсификат“. Во написот се констатираат „нелогичности“ во споменатата анкета и притоа се вели дека „доколку се соберат рејтинзите на партиите, како и процентите на неопределени гласачи, оние кои одбиваат да одговорат и се изјасниле дека нема да гласаат, тогаш не се доаѓа до 100 проценти“. Но, не може да се добие точно 100 проценти (кои наводно покажуваат дека анкетата е фингирана), бидејќи при пресметување на гласовите, имаме заокружување на децимални броеви. Правилото вели дека за да се заокружи децимален број, се гледа првата цифра што треба да се изостави. Ако е таа 5 или поголема од 5, тогаш последната цифра што се задржува се зголемува за еден, во спротивно последната цифра останува непроменета.

anketaЛинк до оригиналниот напис: Нелогичности кои покажуваат дека анкетата на „Телма“ е тежок фалсификат

Датум и време на објавување: 06.12.2016

Датум на рецензирање: 07.12.2016

Рецензент: Силвана Жежова

 

ЗАОКРУЖУВАЊЕ ДЕЦИМАЛНИ БРОЕВИ

Анкетата е спроведена од реномирана анагенција (М Проспект), на репрезентативен примерок од 1.800 испитаници и не може да стане збор за аматеризам, бидејќи за да се добие подетална слика, испитувањето на расположението на гласачите е мерено и во изборни единици. Притоа, постои стандардна методологија по која се спроведуваат анкетите, а заокружувањето на децимални броеви е усвоена математичка операција која се користи за да се добие одредена приближна вредност.

„Анкетата на Телма покажа дека рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ изнесува 23,7 отсто, на СДСМ, 18,9%, ДУИ 6,2 отсто, ДПА 3,3%, БЕСА 1,2%, други партии 4,3 отсто. За неопределени се изјасниле 14,9 отсто, одбиле да одговорат 18,2 отсто и 8,5 отсто рекле дека нема да гласаат. Доколку се соберат сите овие проценти, се доаѓа до збирна бројка од 99,2 отсто, со што се открива аматерскиот обид на опозициската телевизија да манипулира со граѓаните на само неколку дена пред изборите“.

Исто како и во случајот со непознавање на правилото за заокружување на децимален број по децимална запирка, во написот се истакнува и наводната нелогичност на бројките во делот на анкетата во кој се поставува прашањето „за која партија ќе гласате и според работниот статус“.

„Исто така, нелогичности има и доколку се соберат бројките во однос на делот на анкетата за која партија ќе гласате, според работниот статус“.

Во текстот не е докажано зошто анкетата на „Телма“ и МЦМС е фалсификат, а истовремено преку него се покажува основно непознавање во однос на одредена математичка операција која се применува при добивање на број со повеќе децимали. Притоа, очигледна е интенцијата да се прикаже како нереален фактот дека разликата помеѓу владејачката и опозициската партија се топи, така што текстот е несеопфатен и зазема политичка страна.

 


Оваа рецензија е изработена во рамките на Проектот на УСАИД за зајакнување на медиумите во Македонија – Компонента Сервис за проверка на факти од медиумите, имплементирана од Метаморфозис. Рецензијата e овозможенa сo поддршка на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис, УСАИД или Владата на САД. За повеќе информации за работата на УСАИД во Македонија, ве молиме посетете ги веб-страницата (http://macedonia.usaid.gov) и Фејсбук-страницата на УСАИД (www.facebook.com/USAIDMacedonia).

ИНФОГРАФИК

infoVistinitostВИСТИНИТОСТ

има факти

точни наводи

не може да се утврди веродостојноста на наводите

infoVistinitostИЗВОРИ НА ИНФОРМАЦИИ

има евидентирани извори

официјални

релевантни

1 извор

еднострани

infoVistinitostСЕОПФАТНОСТ

несеопфатнo

можеби се прикриени информации

infoVistinitostПРИСТРАСНОСТ

не може да се утврди

извртување на вистина (спин)

не може да се утврди

наклонетост

политичка пристрасност

infoVistinitostКОМЕНТИРАЊЕ

има коментаторски елементи

интегрирано со фактите

infoVistinitostПЛАГИЈАТ

не може да се одреди

ненаведен извор

infoVistinitostКВАЛИТЕТ НА НАСЛОВОТ

дезинформира

некреативен

сензационален

соодветен

тенденциозен

infoVistinitostФОТОГРАФИЈА

има

соодветна

ни манипулира ни информира - ставена е само како илустрација

наведен автор(извор)

infoVistinitostГОВОР НА ОМРАЗА

нема навредлив говор

нема говор на омраза

не потикнува на насилство

не дискриминира

infoVistinitostУРЕДЕН ЗА ВЕБ

читлив

нема мултимедијални елементи

нема контекстуални линкови

стилски уреден

поврзан со тагови

Претплатете се за најнови вести